Отвори го главното мени

Идеограм

(Пренасочено од Идеограф)

Идеограм или идеограф (од грчкиот збор ἰδεα идеа „идеја“ + γραφω грапхо „пишува“) — цртеж или слика што претставува поим, писмен знак во сликовното писмо[1]. Графичкиот симбол ја претставува идејата наместо група од букви кои прикажуваат гласови на говорниот јазик во азбучните писма. Примери на идеограми ги вклучуват знаците за ориентација, како оние на аеродромите и на други места каде се претпоставува дека луѓето не мораат да го познаваат јазикот, односно арапските броеви и математичките симболи, кои се користат ширум светот без разлика на јазикот.

Изразот „идеограм“ честопати се користи за да се опишат логографски писма како што се хиероглифите и кинеските знаци. Меѓутоа, логографските системи на симболи честопати означуваат поединечен збор или морфема отколку чисти поими.

Идеограм во црква во Ерусалим

НаводиУреди

  1. „Идеограм“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врскиУреди