Игор Станојоски

македонски писател

Игор Станојоски (р. 23 мај 1979 во Копенхаген) — македонски писател, лингвист, универзитетски професор и преведувач.

Игор Станојоски
Роден Игор Станојоски
23 мај 1979(1979-05-23)(45 г.)
Копенхаген,  Данска
Националност Македонец
Занимање писател, лингвист

Биографија

уреди

Станојоски е роден на 23 мај 1979 година во Копенхаген, Данска, во македонско семејство. Студирал на катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици со општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По дипломирањето, во периодот 2003–2006 и потоа во периодот 2008–2009 работел на Универзитетот во Лавов. Во периодот 2005–2009 работел на Шлескиот универзитет во Катовице, каде што во 2009 година докторирал со дисертација на тема „Проблемот на интерференција при изучувањето на македонскиот јазик во Полска и Украина“. Во периодот 2009–2010 работел на Масариковиот универзитет во Брно, Чешка. Од 2011 година се занимава со пишување, превод и работи како редовен професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Дела

уреди

Романи

уреди
  • Гаргара (2014), изд.: ИК „Персей“, Софија (2018), прев. Деница Проданова
  • Првиот универзитетски ден на мојата ќерка (2016)[1]
  • Диссомнии (2017)[2] – награда „Рациново признание
  • Полиглот (2023)

Наводи

уреди
  1. „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“. Издавачка куќа Муза. Посетено на 2024-11-14.
  2. „Диссомнии“. Издавачка куќа Муза. Посетено на 2024-11-14.