Дуљај со Шахтјор Доњецк во 2009 година

Игор Дуљај (роден на 29 октомври 1979 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата како дефанзивен играч за врска. Запаметен е по неговиот упорен стил на игра и голема издржливост.

Во текот на својата фудбалска кариера, Дуљај настапувал само за три клуба, и тоа за екипата на Партизан, на Шахтјор од Доњецк и екипата на Севастопол. Освоил 14 големи трофеи на клупско ниво, вклучувајќи го и Купот на УЕФА 2008-09 година.[1]

На меѓународно-репрезентативно ниво, Дуљај одиграл 47 натпревари за селекцијата на Србија (и нејзиниот претходник, Србија и Црна Гора). Тој настапувал за репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија.[2]

Клупска кариера уреди

Игор Дуљај е роден во Топола. Тој многу брзо, во 1990 година бил забележан од екипата на Партизан. На почетокот отпатувал во Белград, но присуствувал само на тренинзи, пред трајно да се пресели во главниот град. [3] Во сезоната 1997-1998, Дуљај бил промовиран во главниот тим на Партизан. Настапил на пет лигашки натпревари и постигнал еден гол. Редовен првотимец станал во својата трета година како сениор. Во таа сезона одиграл вкупно 41 натпревар во сите натпреварувања, а постигнал и еден гол во лигашките натпревари. Во текот на следните три сезони, Дуљај бил незаменлив член на тимот кој освоил еден национален куп и две првенства, и тоа во 2002 и 2003 година. Тој му помогнал на тимот да напредува во групната фаза од Лигата на шампионите на УЕФА во сезоната 2003-04, елиминирајќи го тимот на Њукасл Јунајтед во последното квалификациско коло.

Во февруари 2004 година, Дуљај преминал во Шахтјор од Доњецк. [4] Тој потпишал петгодишен договор со клубот, придужувајќи му се на својот поранешен соиграч од екипата на Партизан, Звонимир Вукиќ. Во текот на следните седум сезони, Дуљај освоил четири титули во Премиер лигата во Украина, два Купа на Украина,два Суперкупа на Украина и еден Куп на УЕФА. За клубот на Шахтјор Игор одиграл вкупно 195 натпревари во сите конкуренции и тоа постигнал шест гола.

Во јули 2010 година, Дуљај потпишал со украинскиот клуб Севастопол. Таму поминал четири сезони, две сезони во првата лига и две во втората лига, пред да се повлече од професионалниот фудбал.

Репрезентација уреди

Игор Дуљај настапувал за репрезентацијата на СР Југославија на ниво до 18 години и до 21 година. Тој ја претставувал својата земја на Милениумскиот Супер фудбалски куп во почетокот на 2001 година. Предводен од тренерот Илија Петковиќ, Дуљај се појавил на сите пет натпревари за неговиот тим и постигнал два гола, помагајќи му на тимот да го освои турнирот.[5] Сепак, овие трофеи и победи не се официјално признати од светската куќа на фудбалот ФИФА.

Претходно, на 15 ноември 2000 година, Дуљај го одиграл својот прв официјален натпревар за сениорската репрезентација на СР Југославија, во пријателскиот натпревар кој завршил со пораз од 2:1 од репрезентацијата на Романија.[6] Тој продолжил да ја претставува својата земја на вкупно 47 натпревари. Бил член на тимот и на Светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија.

Кариерата по играњето фудбал уреди

Во летото 2016 година, Дуљај се приклучил на тренерската екипа на Шахтјор од Доњецк, станувајќи помошник на тренерот Пауло Фонсека.

Во декември 2019 година било објавено дека Дуљај ќе му се приклучи на тимот на тренерот Саво Милошевиќ во екипата на Партизан.[7]

Приватен живот уреди

Игор Дуљај има двајца браќа Јоаким и Ненад. Заедно ја водат Фудбалската академија Дуљај во нивниот роден град Топола.

Статистика во кариерата уреди

Клупска кариера уреди

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 1997–98 5 1 2 0 0 0 7 1
1998–99 15 0 5 0 2 0 22 0
1999–2000 32 1 2 0 7 0 41 1
2000–01 28 1 5 0 4 0 37 1
2001–02 29 1 1 1 4 0 34 2
2002–03 31 0 3 0 7 0 41 0
2003–04 14 0 1 0 10 0 25 0
Вкупно 154 4 19 1 34 0 207 5
Шахтјор од Доњецк 2003–04 9 0 2 0 0 0 11 0
2004–05 24 2 7 0 13 0 0 0 44 2
2005–06 24 0 1 0 10 0 1 0 36 0
2006–07 20 1 4 0 7 0 1 0 32 1
2007–08 14 1 7 1 6 0 1 0 28 2
2008–09 13 1 2 0 10 0 1 0 26 1
2009–10 14 0 2 0 2 0 18 0
Вкупно 118 5 25 1 48 0 4 0 195 6
Севастопол 2010–11 23 0 1 0 24 0
2011–12 28 2 2 0 30 2
2012–13 22 1 5 0 27 1
2013–14 9 0 1 0 10 0
Вкупно 82 3 9 0 91 3
Вкупно во кариерата 354 12 53 2 82 0 4 0 493 14

Меѓународна (репрезентативна) статистика уреди

Репрезентација Година Натпревари Голови
СР Југославија 2000 година 2 0
2001 година 2 0
2002 година 7 0
Србија и Црна Гора 2003 година 6 0
2004 година 5 0
2005 година 8 0
2006 година 5 0
Србија 2006 година 6 0
2007 година 6 0
Вкупно 47 0

Признанија уреди

Клупски признанија уреди

Партизан
  • Освоена е Првата лига на СР Југославија: 1998–99, 2001–02, 2002–03
  • Освоен е Купот на СР Југославија: 1997–98, 2000–01


Шахтјор Доњецк
  • Освоена е Украинската Премиер лига: 2004–05, 2005–06, 2007–08, 2009–10
  • Освоен е Купот на Украина: 2003–04, 2007–08
  • Освоен е Суперкупот на Украина: 2005, 2008 година
  • Победници во Купот на УЕФА: 2008–09
Севастопол
  • Победници во Украинска прва лига: 2012–13

Индивидуални признанија уреди

Наводи уреди

  1. „S Donetsk 2-1 W Bremen (aet)“. bbc.co.uk. 20 May 2009. Посетено на 28 May 2018.
  2. „Igor DULJAJ“. sporting-heroes.net. Посетено на 8 December 2018.
  3. „Umesto hleba, prodavao je finte sa loptom!“ (Serbian). mondo.rs. 2 June 2016. Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 28 May 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Igor Duljaj potpisao za ukrajinski Šahtjor!“ (Serbian). partizan.rs. 17 February 2004. Посетено на 28 May 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)[мртва врска]
  5. „Mirna Bosna“ (Serbian). glas-javnosti.rs. 25 January 2001. Посетено на 28 May 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Poraz po meri“ (Serbian). glas-javnosti.rs. 15 November 2000. Посетено на 28 May 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „Duljaj se vratio u Partizan da bude deo Miloševićevog stručnog štaba“ (Serbian). rts.rs. 20 December 2019. Посетено на 26 April 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски уреди