Иван Петров Крајничанец
Иван Петров, познат како Крајничанец — македонски преродбеник и фолклорист, како и еден од првите македонски фармацевти.
Иван Петров | ||
Роден | 2 февруари 1869 Крајници, Велешко, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | октомври 1945 Прилеп, Југославија |
Биографиja
уредиРоден е во 1869 г. во велешкото село Крајници. Од 1876 г. учи во село Војница, а подоцна (1882 - 1889 г.) завршува Солунската машка гимназиja „Св. Кирил и Методиј“. Меѓу неговите учители биле Григор Прличев, Трајко Китанчев, Димитар Матов и други за кои раскажува во своите спомени.[1] Во 1896 г. го објавува трудот „Свадбарски обичаи од велешко“. Во 1897 г. го завршува Фармацевтскиот факултет на Лозанскиот универзитет, Швајрација. По покана на бугарскиот бакалски еснаф во Солун во градот ја отвора аптеката „Зора“, која станува собиралиште за македонските преродбеници. Аптеката често е затворана од турските власти. Во 1906 г. е принуден да го напушти Солун и отвора аптека „Зора“ во Прилеп, која работи сè до неговата смрт во 1945 г.[2]
Во 1942 г. за време на бугарската окупација во Скопје го издал својот мемоар „Спомени од изминатиот пат во мојот живот“ (Спомени от изминалия път в живота ми).
Наводи
уреди- ↑ Иван Петров Крайничанец. "Спомени от изминалия път в живота ми", Скопие, 1942 година
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 753.