Иван Колосенко ( 1912 во Русија — 1944 во Матка, Скопско) — руски партизан, борец за слобода на Македонија, припадник на Црвената Армија[1] и учесник во НОВ.[2]

Животопис

уреди

Кога во септември 1944 година Дванаесеттата македонска ударна бригада го имала минирано транспортниот воз кај Зелениково, со уште неколку заробеници успеал да побегне од заробеништво и да и се приклучи на бригадата. Така станал борец во нејзините редови во составот на втората чета од првиот баталјон. Бил смел и примерен борец и бргу станал пушкомитралезец и командир на одделение. Во завршните борби за ослободувањето на Македонија и Скопје, со бригадата се борел за заземање на хидроцентралата Матка, каде биле сконцентрирани големи балистички сили. Во оваа жестока борба против балистичките банди, Иван храбро загинал со уште неколкумина свои соборци.[2]

Во нивна чест во дворот на хидроцентралата Матка е подгинат споменик, пред кој се чествува нивното храбро дело за спасување и ослободување на градот Скопје. Официјални државни претставници на Руската амбасада во Македонија исто така учествуваат во овие настани и вообичаено церемонијата се случува околу 9 мај - денот на победата над фашизмот.[3][4][1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ниами, Емил (мај 12, 2015). „Македонија и Русија го прославија денот на победата“. mk.rbth.com.
  2. 2,0 2,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 204. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ПАРТИЗАНИТЕ-АНТИФАШИСТИ“. Russian consul in Bitola. Архивирано од изворникот на 2021-05-19.
  4. Ниами, Емил (мај 09, 2014). „Македонија го прославува Денот на победата“. mk.rbth.com. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)