Иванче Ѓорѓиев Ивановски ( 1918 во Скопје1945 во Загреб, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По завршувањето на гимназијата продолжил да студира. Како студент се поврзал со напредното движење и активно се ангажирал во заднинската работа. Бил вклучен во собирните акции за материјално помагање на партизаните. Кон крајот на 1944 година стапил во Четириесет и осмата дивизија. Во состав на истата заминал за Војводина. Таму ја совладал вештината во ракувањето со артилериското оружје. Благодарејќи на стручното усовршување и совесното извршување на поставените задачи, бил унапреден во поручник. По пробивот на Сремскиот фронт ги гонел со својата единица Германците и усташите и во почетокот на мај 1945 година, стигнал пред самиот Загреб. Таму бил тешко ранет и подлегнал на раните. Бил погребан на Мирогој.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 65. На |first= му недостасува |last= (help)