Зулица
Зулица — историско село во Прилепско, денес во крајниот јужен атар на селото Лопатица, Општина Битола.
Зулица | |
Координати 41°8′32″N 21°15′37″E / 41.14222° СГШ; 21.26028° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Битола |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 02072 |
Географија
уредиСелото се наоѓало северозападно од Битола, на десниот брег на Шемница.[2] Лежело меѓу Лопатица на север и Габалавци на југозапад.
Историја
уредиСелото се среќава во османлиските дефтери како Зулуса со 60 домаќинства.
На австроунгарската воена карта е означено како Зулица (Zulica).[3]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) ја завел Зулица како село со 3 куќи во кои живееле 6 македонски семејства со 31 лице (17 машки и 14 женски).[4][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зулица живееле 254 Македонци христијани и 200 Арнаути муслимани.[4][6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Жулица е претставена како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскииот санџак со 4 куќи.[7]
На почетокот на XX век целото село било под е врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зулинца (Zoulintza) имало 16 Македонци, сите под егзархијата.[4][8]
По отпишувањето на Зулица, нејзиниот атар влегол во атарот на Лопатица.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 310.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 239. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 16.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 168–169.