Зора
(Пренасочено од Зорнина)
Зора[1][2], мугра[3][4] или арх. зорнина[5][6] — периодот пред изгрејсонцето. Позната е по присуството на слаба сончева светлина, додека самото сонце сè уште е позади хоризонтот.
Постојат повеќе дефиниции за зората, како што се:
- Астрономска зора: моментот кога небото повеќе не е целосно темно, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е 18 степени зад хоризонтот во утрото.[7]
- Морнарска зора: времето кога нема доволно сончева светлина за хоризонтот и некои предмети да бидат доволно видливи, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е 12 степени зад хоризонтот во утрото.[7]
- Граѓанска зора: времето кога има доволно светлина за да предмети бидат доволно видливи и времето кога луѓето и други живи организми можат да започнат со надворешните активности, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е шест степени зад хоризонтот.[7]
Зората не треба да се меша со изгрејсонцето, што е моментот кога предниот раб на самото сонце се појавува над самиот хоризонт.
Зората како тема во уметноста
уреди- „Зора“ (шпански: Alba) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[8]
- „Зора“ (шпански: La aurora) — песна на Федерико Гарсија Лорка.[9]
- „Разденување“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[10]
- „Зора се зори“ - македонска народна песна.[11]
- „Есенска зора“ (англиски: Autumn Dawn) — песна на американската рок-група Allah Las од 2016 година.[12]
- „Бавниот воз до зората“ (англиски: Slow Train To Dawn) — песна на британската електронска група The The од 1986 година.[13]
- „Зора на розовите црвени прсти“ (англиски: Dawn of the rose red fingers) - песна на Никола Коџабашија и групата Фолтин од 2011 година.[14]
- „Зазорување на утрото“ (англиски: Morning Dawning) - песна на британската рок-група Кричрс (The Creatures) од 1983 година.[15]
- „Зората не може да одлучи“ (англиски: Dawn Can't Decide) - песна на американската рок-група Лемонхедс (The Lemonheads) од 1993 година.[16]
- „Зора“ — песна на хрватската рок-група Лет 3 од 1989 година.[17]
- „Постојана зора“ (англиски: Perpetual Dawn) — песна на британската техно-група The Orb од 1991 година.[18]
- „Нова зора избледува“ (англиски: New Dawn Fades) - песна на британската рок-група Џој дивижн (Joy Division) од 1979 година.[19]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
уреди- ↑ „зора“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „зора“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мугра“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мугра“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „зорнина“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „зорнина“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 7,0 7,1 7,2 National Oceanic and Atmospheric Administration. „Astronomical Terms“. Архивирано од изворникот на 2008-04-08. Посетено на 2009-02-22.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 30.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 120.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 5.
- ↑ Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117.
- ↑ Allah Las* – Calico Review (пристапено на 15.11.2024)
- ↑ Discogs, The The – Infected (пристапено на 23.3.2021)
- ↑ Kodjabashia & Foltin feat. Goce Stevkovski, Penelope X, LTM 001, 2011.
- ↑ DISCOGS, The Creatures – Feast (пристапено на 16.8.2021)
- ↑ Discogs, The Lemonheads – Come On Feel The Lemonheads (пристапено на 2.9.2020)
- ↑ Let 3 – Two Dogs Fuckin' (пристапено на 1.3.2023)
- ↑ The Orb – The Orb's Adventures Beyond The Ultraworld (пристапено на 31.5.2023)
- ↑ Discogs, Joy Division – Unknown Pleasures (пристапено на 29.12.2020)
Поврзано
уреди„Зора“ на Ризницата ? |