Зоран Попоски

Уметник, кустос и академик

Зоран Попоски (Скопје, 1974) — македонски визуелен уметник.

Основни биографски податоци

уреди

Дигитален уметник и апстрактен сликар. Магистрирал уметност во нови медиуми во Линц, Австрија, а докторирал Студии на културата. Остварил студиски престои во Њујорк, Портланд, Берлин, итн. Добитник е на повеќе меѓународни признанија.[1]

Реализирал 100 самостојни и групни изложби во: САД, Германија, Франција, Италија, Македонија, Австрија, Турција, Словенија, Порторико, Кина, итн. Негови јавни уметнички проекти се прикажани на видео билборди, билборди и плакати во Њујорк, Даблин, Скопје, Хонгконг, итн.[2]

Трансдисциплинарната уметничка пракса на Попоски претставува комбинација од видео, перформанс и дигитални графики, и ги истражува прашањата на лиминалноста и постојаната менливост/продуцирање на идентитетот, територијата и јавниот простор.[3][4]

Автор е на книга за пресекот на уметноста во новите медиуми и активизмот, „Простори на моќта“ (Скопје: Темплум, 2009).

Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).[5]

Наводи

уреди
  1. „Зоран Попоски награден во Шпанија“. Утрински весник. 26 април 2009. Посетено на 2013-06-06.[мртва врска]
  2. „Попоски изложува во Кина“. Нова Македонија. 16 април 2013. Посетено на 2013-06-06.
  3. [www.utrinski.com.mk/?ItemID=D2A94D11E3A1A44280E90DCB0D625667 „Денеска е важно каде ти е базата“] Проверете ја вредноста |url= (help). Утрински весник. 25 мај 2009. Посетено на 2013-06-06.
  4. „Јасна Котевска - предлог за име на скопска улица“. Утрински весник. 24 јуни 2009. Посетено на 2013-06-06.[мртва врска]
  5. „ДЛУМ. „За авторот: Зоран Попоски". Архивирано од изворникот на 2014-04-04. Посетено на 2013-05-06.

Надворешни врски

уреди