Нови медиуми е термин што ја опишува појавата на дигитални, компјутеризирани, или мрежни информатички и комуникациски технологии кон крајот на XX век. Повеќето технологии кои се нарекуваат „нови медиуми“ се дигитални, а други нивни одлики се манипулативноста, можноста за вмрежување, густината, компресивноста, интерактивноста и непристрасноста.[1] Примери за нови медиуми се интернет, мрежни места, компјутерска мултимедија, компјутерски игри, ЦД-РОМ и ДВД. Нови медиуми не се телевизиските емисии, играните филмови, списанијата, книгите или публикациите печатени на хартија.[2]

Наводи

уреди
  1. Flew, 2008
  2. Manovich, Lev. "New Media From Borges to HTML." The New Media Reader. Ed. Noah Wardrip-Fruin & Nick Montfort. Cambridge, Massachusetts, 2003. 13-25.