Знаме на Португалија
Знамето на Португалија, е поделено на два вертикални делови: зелен и црвен дел со едноставна верзија на националниот грб. Односот на висината и ширината е 2:3. Службено било прифатено на 30 јуни 1911 година, заменувајќи го знамето на монархијата. Зелената боја претставува надеж, а црвената крвта на Португалците, кои умреле бранејќи ја својата татковина.