Златно око (англиски: GoldenEye) — филм од 1995 година за тајниот агент Џејмс Бонд, во режија на Мартин Кембел. Филмот трае 125 минути.

логото на Златно око

Факти за филмот

уреди

Филмот „Златно око“ е режиран од режисерот Мартин Кембел, а главните улоги ги толкуваат Пирс Броснан, Шон Бин, Изабела Скорупко, Фамке Јансен, Џуди Денч и Алан Каминг. Овој филм претставува 17. продолжение од циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд. Истовремено, ова е првиот филм во кој улогата на Бонд ја игра Пирс Броснан. Насловната песна од филмот била напишана од Боно и Еџ од групата "У2", во изведба на Тина Тарнер.[1]

Содржина

уреди

Во филмот, Џејмс Бонд го спасува светот од катастрофа откако моќно сателитско оружје доаѓа во погрешни раце. Тој брза кон Русија во потрага по украдениот код за „Златното око“, но неговата задача ја отежнува еден опасен агент.[2] [3]

Наводи

уреди
  1. „Бонд го спасува светот од катастрофа“, Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3.
  2. Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3.
  3. Антена, број 840, 1.8.2014, стр. 18.