Златко Милошевски

Златко Милошевски-Злате (р. 19 јули 1970, Скопје, 27 јануари 2024, Скопје) — македонски пејач на народна и фолк-музика.

Златко Милошевски
Роден(а)19 јули 1970
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
ПотеклоРепублика Македонија
Починал(а)27 јануари 2024(2024-01-27) (возр. 53)
Скопје, Македонија Македонија
ЖанровиНародна музика, Фолк музика
ЗанимањаПејач

Животопис

уреди

Злате е познат македонски пејач на народна фолк и новосоздадена музика. Тој својата кариера ја почнува во деведесеттите година во групата "Македонски мелос". Една од неговите најпознати песни е: Мое Маврово, кои се автори на песната Сашо Ливрински и Гоце Џуклески. Зад себе има издадено и неколку албуми со авторки песни. Едни од нефовите авторски песни се: "Еј кафано", "Младата маџирка", "Еднаш свадба е", "Донка убава", "Чија ли си ти", "Ќе ти се вратам". Тој соработувал и имал настапи со: Јасмина Гуњова, Милица Кузмановска и други. Негова последна песна е: Златни години автори на песната се неговите долгогодишни соработници Сашо Ливрински и Гоце Џуклески, и музичарите се Филип и Раде Нуневски.

Златко почина ненадејно на 27 јануари 2024 во Скопје.[1]

Наводи

уреди
  1. „Почина македонскиот фолк пејач Златко Милошевски-Злате“. Архивирано од изворникот на 2024-01-27. од Вистина.мк

Надворешни врски

уреди