Златко Вршковски ( 1959, Битола) — градоначалник на Општина Битола од 23 октомври 2000 до 10 април 2005.[1]

Златко Вршковски
Градоначалник на Општина Битола
На должноста
23 октомври 2000 – 10 април 2005
Претходник Силјан Мицевски
Наследник Владимир Талески
Лични податоци
Роден(а) 1959
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Партија СДСМ
Установа Стоматолошки факултет - Скопје
Професија максилофацијален хирург
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Златко Вршковски е роден во 1959 година во Битола. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Стоматолошкиот факултет го завршил во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 1982 година, каде што и специјализирал во 1992 година. Од 1985 до 2005 работел во Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски” во Битола, во службата за максило-фацијална хирургија, а од 2005 работи во ПЗУ „Максидент-Вршковски“.[2]

Наводи

уреди
  1. „Сите раководители на Битола од 1944: Тони Коњановски ќе биде 5. по ред градоначалник на Битола, а 27. раководител на градот од ослободувањето“. BITOLA NEWS. 2 ноември 2021. Посетено на 11 декември 2021.
  2. „Д-р Златко А. Вршковски“. МАКСИДЕНТ ВРШКОВСКИ. Посетено на 11 декември 2021.
Политички функции
Претходник
Силјан Мицевски
Градоначалник на Општина Битола
2000–2005
Наследник
Владимир Талески