Златан Џиков

македонски гинеколог, генетичар и универзитетски професор

Златан Џиков (10 октомври 1935 во Скопје29 март 2021 во Скопје) — македонски гинеколог-акушер и генетичар.[1][2]

Златан Џиков
Роден Златан Трајков Џиков
10 октомври 1935
Скопје, Кралство Југославија
Починал 29 март 2021
Скопје
Националност Македонец
Занимање гинеколог, генетичар, универзитетски професори

Животопис

уреди

Медицински факултет завршил во Скопје во 1961 година, каде што и предавал. Докторирал и хабилитирал. Се усовршувал во повеќе центри во Европа (особено во Велика Британија и Германија) во областа на преднаталната дијагностика, хуманата генетика и молекуларната биологија.

Основноположник на првата Лабораторија за хумана генетика и преднатална дијагностика во Македонија.

Коавтор на прирачникот за лекари „Современа дијагностика и терапија во медицина“ (2000).

Наводи

уреди
  1. „IN MEMORIAM – Медицински факултет“. Посетено на 2023-11-30.
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џиков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1639. Text "series " ignored (help)