Земјотресен барок

Земјотресен барок или сеизмички барок ― стил на барокна архитектура применуван на Филипините и Гватемала, кои претрпеле уништувачки земјотреси во текот на 17 век и 18 век, каде што големите јавни згради, како што се црквите, биле повторно изградени во барокен стил за време на шпанските колонијални периоди во тие земји.[1]

Дарагашката црква е пример за земјотресна барокна архитектура со дебели потпори што ги носат ѕидовите.

Слични настани довеле до Помбаловата архитектура во Лисабон по Земјотресот во Лисабон во 1755 година и сицилијанскиот барок на Сицилија по земјотресот во 1693 година.

Горе па доле: влезот на Панајската црква со поглед на фасадните пиластри, потпорите на Паоајската црква.

Особености

уреди

На Филипините, уништувањето на постарите цркви од честите земјотреси ги направиле површините на црквите сè помали и пошироки; страничните ѕидови биле направени подебели и силно потпрени за стабилност при тресење. Горните конструкции биле направени со полесни материјали.[2] Наместо полесни материјали, биле ставани потенки ѕидови со постепено намалување на дебелината до највисоките нивоа.[3]

Камбанариите обично се пониски и поцврсти во споредба со камбанариите во помалку сеизмичките активни региони во светот.[4] Камбанариите се подебели на пониските нивоа, постепено стеснувајќи сè до највисокото ниво.[2] Во некои цркви на Филипините, освен што функционирале како караули против пиратите, некои камбанарии се настрана од главната црковна градба за да се избегне оштетување во случај на паѓање на камбанаријата поради земјотрес. 

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Antigua’s Environs – Antigua, Guatemala". BootsnAll Indie Travel Guide. Посетено на 11 септември 2022.
  2. 2,0 2,1 "The City of God: Churches, Convents and Monasteries" Архивирано на 12 мај 2016 г.. Discovering Philippines. Посетено на 11 септември 2022.
  3. Reitherman, Robert Consortium of Universities (2016). Seismic Architecture - The architecture of earthquake resistant structures, Llunji Mentor, Earthquake Spectra. Msproject. ISBN 9789940979409.
  4. Finch, Ric. "Antigue Guatemala-- Monumental City of the Americas". Rutahsa Adventures. Посетено на 11 септември 2022.

Надворешни врски

уреди