Зилтски дијалект
(Пренасочено од Зелриншки дијалект)
Зилтски дијалект или зелриншки — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на островот Зилт, во областа Северна Фризија, во Германија. Зелриншки се однесува на зелриншкиот збор за Зилт (Söl). Заедно со другите севернофризиски дијалекти — фериншки, емраншки и халундски — создава дел од внатрешната група на севернофризиски дијалекти. Се разликува од дијалектите на копното поради неговото релативно силно изразена данско влијание.[2] Поради масовниот туризам на Зилт, дијалектот главно бил заменет од германскиот јазик, а зелриншкиот дијалект го говорат само неколку стотина луѓе, многу од нив повеќе не живеат на Зилт. Иако е предаван во неколку основни училишта, неговиот опстанок е загрозен, споредувајќи го со другите островски дијалекти.
Зилтски дијалект | |
---|---|
Söl'ring | |
Застапен во | Германија |
Подрачје | Зилт, Северна Фризија |
Говорници | непознато, помалку од 500 |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Linguasphere | 52-ABB-da[1] |
Севернофризиски дијалекти |
Наводи
уреди- ↑ „s“ (PDF). The Linguasphere Register. стр. 257. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-23. Посетено на 1 март 2013.
- ↑ Walker, Alastair G.H.; Wilts, Ommo (2001). „Die nordfriesischen Mundarten“. Во Munske, Horst H.; Århammar, Nils (уред.). Handbuch des Friesischen: Handbook of Frisian Studies (германски и англиски). Tübingen: Niemeyer. стр. 284. ISBN 3-484-73048-X.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |