Зеленонога тринга

Зеленонога тринга
Tringa nebularia - Laem Phak Bia.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Тринги
Вид: Зеленонога тринга
Биномен назив
Tringa nebularia
(Gunnerus, 1767)

Зеленоногата тринга (науч. Tringa nebularia) е крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на трингите (науч. Tringa), која заедно со жолтоногата и дамчестата тринга сочинуваат поблиска група, покажувајќи ја различноста во бојата на нозете. Оваа птица е субарктичка, распространета од северна Шкотска на исток, преку северна Европа и Азија. Ја има и во Македонија. таа е типична птица преселница која зимува во Африка, Индија и Австралија.

ОписУреди

 
Младенче на зеленонога тринга
Зеленонога тринга во Австралија
 
Tringa nebularia

Зеленоногата тринга е долга до 35 см со распон на крилјата од 70 см и тежина од 280 г. Тој има долги сивозелени нозе и долг, силен и малку искривен надолу клун. Горните делови му се кафеавосива боја, а стомакот е бел. Немаат полов диморфизам. Природни непријатели им се грабливите птици. Во принцип, тие е кротки и внимателни птици кои знаат да пливаат и нуркаат. Неговото пеење звучи како тиу-тиу-тиу.

РазмножувањеУреди

Овие птици гнездат на сува земја близу до мочурливи предели. Сезоната за парење трае од мај до јули. Гнездото е шуплина во земјата послана со трева. Женките несат 4-5 големи јајца кои се инкубираат од двата родитела во период од 25 дена. Пилињата уште од првиот ден на животот се многу активни.

ИсхранаУреди

Како повеќето крајбрежни птици се хранат со разни безрбетници, инсекти, мекотели, црви, како и со мали риби.

СтатусУреди

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

НаводиУреди

  1. BirdLife International (2012). Tringa nebularia. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • Pereira, S. L., & Baker, A. J. (2005). Multiple Gene Evidence for Parallel Evolution and Retention of Ancestral Morphological States in the Shanks (Charadriiformes: Scolopacidae). Condor 107 (3): 514–526. DOI: 10.1650/0010-5422(2005)107[0514:MGEFPE]2.0.CO;2 HTML abstract

Надворешни врскиУреди