Зелениот Фенер (англиски: Green Lantern) — псевдоним на различни измислени суперхеројски ликови што се појавуваат во стрипови објавени од DC Comics. Првиот, Алан Скот, бил создаден од писателот Бил Фингер и уметникот Мартин Нодел во All-American Comics #16 (јули 1940 година).[1] Секој Зелен Фенер поседува моќен прстен, кој му дава огромна контрола над физичкиот свет, но само ако оној што го носи има доволно волја и физичка сила за да го користи. Иако прстенот на зелениот фенер[2] од златното време, Алан Скот, бил придвижуван од магија, прстените што ги носеле сите последователни Фенери биле технолошка творба на Чуварите на Универзумот што им дале такви прстени на заслужните кандидати. Тие образуваат меѓугалактичка полициска сила позната како Корпус на Зелените Фенери.[1]

Зелениот Фенер
Корицата на стрипот „Зелениот Фенер: Преродба“ #6 (мај 2005)
Издавање
ИздавачDC Comics
Прво
појавување
All-American Comics #16 (јули 1940)
АвториБил Фингер
Мартин Нодел
Информации
Вистинско имеСписок на Зелените Фенери
Пријателски
врски
Корпус на Зелените Фенери
Познати
моќи
способност да се користи моќта на прстенот за создавање и управување на енергетски предмети

Луѓето што се нарекуваат „Зелениот Фенер“ се:

  • Алан Скот
  • Харолд „Хал“ Џордан
  • Гај Гарднер
  • Џон Стјуарт
  • Кајл Рејнер

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Wallace, Dan (2008), „Green Lantern's Power Ring“, Во Dougall, Alastair (уред.), The DC Comics Encyclopedia, New York: Dorling Kindersley, стр. 93, ISBN 978-0-7566-4119-1, OCLC 213309017
  2. Бидејќи се спомнува Алан Скот, овде конкретно нема потреба зелен фенер да биде со две големи букви.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: