Ецталски Алпи

планински венец на Алпите

Ецталски Алпи (германски: Ötztaler Alpen; италијански: Alpi Venoste) — планински венец во масивот Централни Источни Алпи, сместени во сојузната покраина Тирол, јужна Австрија, и покраината Јужен Тирол, северна Италија.

Ецталски Алпи
Највисока точка
ВрвВилдшпице
Надм. височина3774 м
Координати46°53′49″N 10°52′31″E / 46.89694° СГШ; 10.87528° ИГД / 46.89694; 10.87528
Географија
Земји Австрија и  Италија
Координати46°45′N 10°55′E / 46.75° СГШ; 10.92° ИГД / 46.75; 10.92
Матичен венецЦентрални Источни Алпи
Се граничи соШтубајски Алпи

Географија

уреди

Ецталските Алпи се наоѓаат во долината на Ецтал, странична долина на реката Ин, југозападно од Инсбрук, Австрија. Една дел од врвовите ја создаваат границата помеѓу Австрија и Италија.

Ецталските Алпи се граничат со Решенски превој (1.504 м) на запад и реката Ин на северозапад и на север. На исток, венецот е одделен од Штубајските АЛпи од Ецталер Ахе во Ецтал, Тимелсјох (2.474 м) и реката Пасер во истоимената долина. На југ и југозапад, венецот е ограничен од длабоката долина на реката Еч, тука позната како Финшгау.

Во септември 1991 година, Еци, т.н. „Леден човек“ бил пронајден на Хауслабјох помеѓу врвовите Финајлшпице и Зимилаун.

Врвови

уреди

Највисоката точка на Ецталските Алпи е Вилдшпице (3.774 м)[1], што е исто така втор највисок врв во Австрија (зад Гросглокнер). Вилдшпице е еден од неколкуте врвови кои се наоѓаат северно и североисточнот од главниот венец.

Панорам од Хое Мут, над Обергургл.
Панорам од Гајслахкогел, над Зелден, со Штубајските Алпи на лево

Наводи

уреди
  1. Höhe laut ÖK50 http://www.austrianmap.at/ Архивирано на 26 август 2008 г.

Надворешни врски

уреди