Зграда на Радио Охрид

градба во Охрид

Зграда на Радио Охрид — стара куќа во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.[1] Позната е како објектот во кој работело Радио Охрид од 1980, па сè до неговото затворање во 2016 г.

Зграда на Радио Охрид
Поглед на зградата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
ЗавршенаXX век
Технички податоци
Катови2

Архитектура

уреди

Градбата е ссместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 4, близу плоштадот „Крушевска Република“ со Стариот чинар. Изградена е на почетокот на XX век од непознати мајстори во неокласичен стил. Се состои од приземје, кат и мансарда. Прозорците се поделени на полиња. Во средината на централната источна фасада, на катот има крактеристичен балкон со парапет од ковано железо, потпрен на конструктивни и украсни вути направени од истиот материјал. По целата висина на приземјето има пиластри, на катот има украси околу прозорците и над балконските врати, кои се централно поставени. На аглите на катот има скромни пиластри без капители. Над приземјето и катот на источната фасада има украсни профилирани хоризонтални венци, додека пак на јужната нема венец над приземјето. На мансардата има баџи со скромно украсени триаголни тимпанони.[1]

Изградена е масивно со носечки ѕидови од полна тула, а меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Првобитно на приземјето имало дуќани, а катот и мансардата биле станбени. Од запад има посебен влез за станбениот дел.[1]

Есента 2015 г. со средства на Министерството за култура фасадата на е целосно реставрирана и конзервирана.[2][3] Во јули 2016 г. Радио Охрид престанало да работи.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Куќа на ул. Св. Климент Охридски бр.4“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 5 септември 2017.
  2. „Почна обновата на фасадата на зградата во кое е сместено Радио Охрид“. Публицитет. 22 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2022-07-12. Посетено на 6 септември 2017.
  3. „Куќата кај Чинарот го врати својот архитектонски сјај“. Start.mk. 23 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2017-09-06. Посетено на 6 септември 2017.
  4. „Згасна „Радио Охрид", најстариот охридски медиум“. Денес. 20 јули 2016. Посетено на 6 септември 2017.