Ѕвер од улицата Брај

(Пренасочено од Звер од друмот Брај)

Звер од друмот Брај (англиски: Beast of Bray Road) е криптозоолошко суштество кое се појавува во близина на друмот Брај во американската сојузна држава Висконсин. Првпат е забележано во 1949 година кај градот Елкхорн (Висконсин). Слични суштества наводно се забележани на подрачјето од северниот Илиноис до острвот Ванкувер во Канада[1].

Друм Брај е селски пат во близина на градот Елкхорн (Висконсин).

Опис

уреди

Ѕверот од друмот Брај е опишан на неколку начина; како суштество кое наликува на мечка, влакнест двоножец, кој наликува на Бигфут, невообичаено голем волк (висок помеѓу 2 и 4 метри кој оди на две нозе), интелигентно суштество кое наликува на волк, кое оди на задните нозе и тешко е помеѓу 400 и 700 килограми. Исто така се мисли дека неговото крзно е во сива или темнокафеава боја и дека со изгледот потсетува на куче или мечка. Многу новински статии зборуваат дека оваа суштество всушност е врколак [2].

Објаснувања

уреди

Се предложени многу животни кои би можеле да бидат оваа суштество. Најчесто се мисли на диво куче, волк и хибрид. Исто така е можно тоа да биде некое обично животно, но дека некој измислил приказна дека тоа е врколак. Многумина мислеле дека тоа е всушност човек под маска, но луѓето кои го виделе тоа суштество, не се сложуваат. Тие зборуваат дека оваа суштество е високо 2 метри, дека трча многу бргу и дека има црвени очи. Оваа суштество еднаш е видено како лови елен во 1992 година. Двајца мажи се возеле со автомобил по патот. Едниот маж видел чудно суштество како јаде неке животно. Кога ги видело суштеството се исправило на задните нозе и ги нападнало. Возачот на автомобилот бргу дал гас и успеале да побегнат. Набргу повикале полиција, но таа на местото на настанот не пронашла никакви траги.[3].

Наводи

уреди
  1. Interview with Linda Godfrey GhostTheory.com
  2. „Haunted Wisconsin: The Bray Road Beast“. Архивирано од изворникот на 2014-12-15. Посетено на 2018-09-07.
  3. „Interview with Linda S. Godfrey on American Monsters.com“. Архивирано од изворникот на 16 јули 2006. Посетено на 5 јули 2014.

Надворешни врски

уреди