Бигфут

мајмунолик криптид од Северна Америка

Бигфут (англиски: Bigfoot) или Големото Стапало, наречен и Сасквоч или Сасквач (англ. Sasquatch) — големо мајмунолико суштество што наводно талка во дивините во САД и Канада, особено околу Големите Езера, Тихиот Океан, Карпестите Планини, на северозападот и на југот на САД.

Замислен изглед на Бигфут

Бигфут го забележале уште и американските Индијанци на западнот брег на Северна Америка, во претколумбовското време. Индијанските називи за тоа суштество се разликувало од племе до племе. Така припадниците на племето Лум Бигфут го нарекувале „Цемеквес (Тs'emekves), племињата кои живееле околу планината Сент Хелен го нарекувале „Скукум“ (Sкооcооm), а најпознато индијанско име е „Сасквоч“ (Sasquatch) кое го измислиле припадниците на племето Халкомелем. Во индијанските приказни Бигфут е опасен човекојадец кој ги тероризира селата.

Опис

уреди

Бигфут се опишува како човеколико суштество обраснато со влакна, со силно торзо и височина од 2—3 метри. Главата му е мала и заострена кон врвот, нема истакнат врат и чело. Очите му се мали, а над нив се наоѓа силен коскен гребен. Влакната му се релативно меки и кадрави, потемни кај помладите примероци, а поцрвенести кај постарите. Суштеството има карактеристични големи стапала (англиски јазик |Bigfoot), чији отпечатоци се со големина до четириесет сантиметри.[1]

Средби

уреди

Првиот и посилен доказ за неговото постоење го пронашол Ерик Шиптон во 1951 година. Тоа бил отпечаток за кој тој сметал дека припаѓа на Јети, дивиот човек од Хималаите. Најпознатиот и најсилен доказ за неговото постоење е филмот кој го снимиле трагачите на Бигфут, Роџер Патерсон и Роберт Гимлин на 20 октомври 1961 година во Блаф Крик во Калифорнија. Таа снимка и денес е предмет на различни расправи.[2][3] Предложени се разни видови на животни за да се објаснат видувањата на Бигфут, но ниту едно тврдење не е докажано. Криптозоолозите Бигфут го објаснуваат како неоткриен вид на мајмуни, а некои кои веруваат во Бигфут го објаснуваат со различни паранормални феномени.[4] Научни заедници го отфрлаат постојењето на Бигфут, бидејќи нема докази за постоење на какво било слично суштество. Постојат неколку организации кои се посветени за фаќање на Бигфут во САД.[5][6]

Наводи

уреди
  1. McEwan, Karl S. стр. 263.
  2. Earls, Stephanie. „Bigfoot hunting“. Архивирано од изворникот на 29 јануари 2010. Посетено на 2 јануари 2010.
  3. „Sasquatch“. Encyclopædia Britannica. 2008.
  4. Boston, Rob (децембар 2003). „Scenes from a Bigfoot Conference“. Skeptical Inquirer. Посетено на 19 август 2008.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. Coleman 2003, стр. 233.
  6. „BFRO Animal Planet“. Discovery Communications, LLC. Посетено на 24 јануари 2014.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди