Росарио Флорес
Росарио дел Кармен Гонсалес Флорес [1] попозната како Росарио Флорес е шпанска пејачка, композитор и глумица со цигански корени. Таа е родена на 4 ноември 1963 година и е двократна добитничка на латинската Греми награда.
Росарио Флорес | |
---|---|
Родено име | Росарио дел Кармен Гонсалес Флорес |
Потекло | Мадрид, Шпанија |
Жанр(ови) | Латински поп, фламенко |
Години на активност | 1992 – денес |
Продукциска куќа/ќи | БМГ Ариола |
Родена е во Мадрид, Шпанија, како ќерка на Антонио Гонсалес ('Ел Пескаила') и познатата пејачка Лола Флорес. Таа е сестра на пејачката Лолита Флорес и на текстописецот Антонио Флорес. Таа има ќерка со своето поранешно момче Карлос Орелана. Нејзиниот втор син, Педро Антонио, е роден на 21 јануари исто како и неговата баба Лола Флорес. Росарио и Педро Лазага, нејзиниот партнер и татко на нејзиниот втор син, се запознале додека го снимале филмот на Педро Алмодовар, Зборувај со неа во 2001 година.
Награди и номинации
уредиЛатински Греми награди
уредиНаградите Латински Греми се доделуваат секоја година од Латинската академија за уметност и наука за снимање во САД. Флорес има добиено две награди од седум номинации.[2][3][4][5][6][7][8]
Дискографија
уреди- На право (1992)
- Чувствувам (1995)
- Да се живее многу (1996)
- Играј лудо (1999)
- Многу цвеќиња (2001)
- Од илјада бои (2004)
- Со тебе одам (2006)
- Дел од мене (2008)
- Кажи ми (2009; саундтрак за 11-та сезона на шпанската ТВ серија Кажи ми како се случи тоа)
- Рагатриски (2011)
- Росарио (2013)
- Глорија а ти (2016)
Наводи
уреди
- ↑ „El Economista“. Архивирано од изворникот на 2021-10-18. Посетено на 2021-04-02.
- ↑ „List of Nominees / Lista de nominados“. Los Angeles Times. Tribune Company. September 12, 2000. стр. 2. Посетено на October 30, 2015.
- ↑ Gallo, Phil (July 24, 2002). „Vives, Cruz lead noms for Latin Grammys“. Variety. Penske Business Media. Посетено на January 17, 2013.
- ↑ „Lista de nominados al los Grammy Latinos“ (шпански). Terra Networks México. Архивирано од изворникот на 2012-10-07. Посетено на January 28, 2011.
- ↑ Gurza, Agustin (September 26, 2006). „For Shakira, success does translate well“. Los Angeles Times. Tribune Company. стр. 4. Посетено на January 24, 2013.
- ↑ „9th Annual Latin Grammy Awards“. Los Angeles Times. Tribune Company. September 10, 2007. Архивирано од изворникот на 2012-10-07. Посетено на January 14, 2013.
- ↑ „7th Annual Latin Grammy Winners List“. Latin Grammy Awards. United States: Latin Academy of Recording Arts & Sciences. 2010. Архивирано од изворникот на November 26, 2010. Посетено на October 5, 2012.
- ↑ Times Staff (November 20, 2014). „Latin Grammys 2014: Complete list of nominees and winners“. Los Angeles Times. Tribune Company. Посетено на April 22, 2015.
Надворешни врски
уреди- Преглед на Cuéntame Архивирано на 29 декември 2020 г. (англиски)