Семејни интриги

(Пренасочено од Зборот на жената)

Семејни интриги (португалски: Laços de Família) е бразилска теленовела на писателот Маноел Карлос снимена во 2000/2001 година.

Семејни интриги
Жанрдрама
Создадена одМаноел Карлос
Напишана одМаноел Карлос
Режирана одРикардо Вадингтон
УлогиВера Фишер
Тони Рамос
Каролина Дикман
Рејналдо Џанекини
Жозе Мајер
Џована Антонели
Дебора Секо
Воведна темаCorcovado
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди209 (национална)
150 (интернационална)
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Сликов форматSDTV
Првично прикажување5 јуни 2000 – 3 февруари 2001
Хронологија
ПретходникНова земја
СледбеникПристаниште на чудата
Надворешни врски
Мрежна страницаlacosdefamilia.globo.com

Во Македонија беше прикажувана на А1 телевизија.

Синопсис

уреди

По една сообраќајна несреќа, која за среќа поминува без последици, се запознаваат Елена и Еду. И покрај разликата во години меѓу нив, тие почнуваат љубовна врска, која не ја одобрува семејството на Едуардо.

За Еду е заинтересирана и ќерката на Елена, Камила, што доведува до конфликт меѓу нив две. Поради ова Елена ја прекинува врската.

На полусестрата на Елена, Ирис, не ѝ се допаѓа тоа што Камила го презела Еду од Елена. Таа е заљубена во Педро, човекот кој се грижи за ранчот на Елена.

Елена и Педро имале тајна љубовна врска кога биле млади, во време кога Елена била мажена за друг човек. Педро не знае дека тој е всушност таткото на Камила, а сѐ уште е тајно вљубен во Елена.

По раскинувањето на врската со Еду, Елена стапува во врска со Мигел. Но, дознава дека нејзината ќерка е болна од леукемија и дека може да ја спаси само пресадување на коскена срж од компатибилен дарител.

Поради ова таа му открива на Педро дека тој е таткото на Камила и решаваат да имаат уште едно дете со цел тоа да биде дарител за Камила.

Занимливости

уреди
  • Маноел Карлос ја добил идејата за серијата откако во весник прочитал за некој случај во САД во 1990, каде мајката забременила по вторпат за да ја спаси ќерка си болна од леукемија.
  • Оваа новела ја покрена дискусијата меѓу народот за донациите на коскена срж. Од ноември 2000 (кога темата била прикажана во серијата) до јануари 2001, бил регистриран пораст од 4.400% на волонтери за донирање коскена срж, т.е. од 20 волонтери месечно на 900.
  • Оваа новела беше најгледана во 2000 година во Бразил. Епизодата во која на Камила (Каролина Дикман) ѝ ја избричија главата поради болеста, 79% од вклучените телевизори биле пуштени на тој канал.
  • Книгите кои беа спомнати во книжарата на Мигел (Тони Рамос) подоцна беа за 30% повеќе продавани.
  • Најголемото откритие во новелата беше глумицата Џована Антонели, која ја играше улогата на Капиту, самохрана мајка која живее кај родителите и е приморана да се проституира за да заработи. Маноел Карлос направил истражување на оваа тема и открил дека повеќето од овие жени, т.н. „семејни проститутки“, биле запишани на факултет, а 90% од нив биле самохрани мајки.

Надворешни врски

уреди