Забар (Малта)
Забар (Ħaż-Żabbar, официјално Città Hompesch) е еден од 11 официјални градови на Малта. Забар е истовремено и една од 68 адмиснитративни единици во државата.
Природни услови
уредиГрадот Забар е сместен близу североисточната област на островот Малта и оддалечен е од главниот град Валета 9 километари источно.
Населбата се развила на плато, на околу 2 км оддалеченост од морето. Подрачјето на градот е многу мало - 0,5 км2 површина (40-55 м надморска височина).
Историја
уредиПодрачјето на Забар било населено уште во времето на праисторијата и било активно во стар век и среден век, но немало големо значење до 16 век.
Денешното население има корени од големата опсада на острвот од страна на Турците во 1565 година. После тоа владетелите на Малта, Витезите на светиот Јован изградиле населено место на оваа локација, чиј обем не се променил многу за време на подоцнежните епохи и владетели (Наполеон, Велика Британија).
Градот многу страдал од нацистичките бомбадирања во Втора светска војна, но после тоа е обновен.
Население
уредиНаселението во Забар по проценките од 2008 година имало преку 17 илјади жители, што е петта по големина од малтешките општини.
Галерија слика
уреди-
Општина Забар
-
Катедрала во Забар