Жидвеј
Жидвеј (романски: Jidvei, унгарски: Zsidve, германски: Seiden) е општина, која се наоѓа во округот Алба, Романија и во која живеат 5.244 жители. Местото се наоѓа во Трансилваниската висорамнина и е сместено на брегот на реката Тернава. Жидвеј за првпат се споменува во 1309 година, но постојат остатоци, кои наведуваат дека местото било населени и преттоа.[2] Најстара градба во селото е црквата изградена во готски стил во 1707 година, која подоцна била изменета и добила лик на градба од барокниот стил. Заради одбрана на селото во 15. век бил изграден одбранбен ѕид околу црквата, од кој денес останале кулите над влезната порта.
Жидвеј | |
---|---|
Општина | |
Поглед кон црквата во Жидвеј | |
Местоположба во округот Алба | |
Местоположба во Романија | |
Координати: 46°13′N 24°06′E / 46.217° СГШ; 24.100° ИГД | |
Држава | Романија |
Округ | Алба |
Население (2002)[1] | |
• Вкупно | 5.244 |
Час. појас | ИВ (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | ИЛВ (UTC+3) |
Селото се наоѓа во област, во која се произведува вино, а постојат податоци дека лозје се одгледувало уште од железното доба.[3] Во средниот век, вратите на инарските визби биле поставувани за да бидат свртени кон патот, кој минувал низ селото, со цел да ги привлече патниците. Денес, Жидвеј е еден од најважните региони во производството на вино во Романија.
Наводи
уреди- ↑ (романски) Жидвеј Архивирано на 25 март 2012 г. на Recensământ 2002 Архивирано на 20 март 2012 г.
- ↑ Buza, M.; Stroia, M. (1985). „Ch. 5: Excursii in imprejurimi“. Blaj. Bucuresti: Editura Sport-Turism. стр. 83.
- ↑ Cotea, V.D.; Barbu, N; Grigorescu, C.C.; Cotea, V.V. (2000). „Ch. A.I.1: Podgoria Târnave“. Podgoriile si vinurile Romaniei. Bucuresti: Editura Academiei Române. стр. 22.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Оваа статија поврзана со Романија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |