Животот на Арсенев
Животот на Арсенев (руски: Жизнь Арсеньева) е автобиографски роман од добитникот на Нобелова награда за литература- рускиот автор Иван Бунин, многумина го сметаат за негово најважно дело напишано во емиграцијата[1].
Прво издание | |
Автор | Иван Бунин |
---|---|
Земја | Франција/ САД |
Јазик | руски |
Жанр | автобиографски роман |
Издавач | Современие записки |
Издадена | 1930 |
Медиум | Печат (мек и тврд повез) |
Страници | 388 |
Историја
уредиРоманот со поднаслов „Потеклото на деновите“излезе во четири дела.
Книгата била објавувана во периодот од 1927 до 1932 година, како и што била пишувана - во четирите делови.
Во процесот на објавувањето, оригиналниот текст бил менувал континуирано: автобиографските детали биле исфрлени, вистинските имиња биле променети.
Во 1939 година, книгата V, со наслов: Животот на Арсенев и романот Лика , била објавена од издавачите „Петрополис“ во Брисел во 1939 година. Требало да биде вклучена во том. 12 на „Петрополис“ во собраните дела ' но во 1939 година издавачката куќа била затворена.
Според Вера Муромцева-Бунина, „Иван Алексеевич сакал очајно да го вклучи „Лика“ во романот, но никако не можел тоа му успеало да го претстави како одделно издание штом му се појавила шанса. Според Марк Алданов, „многу луѓе се обидувале да го убедат Бунин дека треба да го започне вториот дел, но тој секогаш го зборувал истото: пишувам за луѓето што не се повеќе покрај мене и што ги нема а не за фикции“...
Во 1952 година издавачите „Чехов“ со седиште во Њујорк (град) го публикувале првото издание на романот како целина, со наслов „Животот на Арсенев“.
Истата година Бунин го уредувал текстот повторно за идните реизданија. Датумот на неговото последно уредување бил 17 март 1952 година.
Концепт и реализација
уредиАна Муромцева-Бунина напишала: „Иван Алексеевич ретко зборуваше за своите планови. За прв пат ми кажа за намерата да напише книга за неговиот живот беше на неговиот 50-ти роденден, на 23 октомври 1920 година. Но, во тоа време, беше многу болен и сè уште страдаше од нервна исцрпеност. Почна да го пишува „Животот на Арсенев“ во 1927 година во Грац.
Идејата за „воскреснување на некакви далечна слика на младоста ...“ се појавила кај Бунин многу порано. Во 1929 година, ја објавил новата верзија на новелата „На самиот почеток“ (1906), Бунин ја преименувал во „Огледало“, додал поднаслов: „Животот, на претходната скица, на Арсенев“.
Друи раскази, „Осум години“ (позната и како „Во полиња со пченка“, „Далечни работи“ и „Сонот на Обломов“) внукот ") се сметаат како друга основа за претходната верзија на „Животот на Арсенев“.
Главниот мотив на Бунин за пишување на „Животот на Арсенев“ бил неговиот длабоко вкоренет „страв од заборав“, што тој од време на време го искажувал. "Животот, може да се каже, е даден само на оружје за нечија борба со смртта, со која човекот треба да се бори дури и над неговиот гроб. Смртта му го краде името, но тој го пишува на крст или на надгробна плоча. Таа го обвива неговиот живот со темнина, но повторно го воскреснува своето име користејќи пишан збор “, напишл.
„Животот на Арсенев“, не била сепак автобиографија, туку измислено дело, испреплетено со автобиографски детали, не нужно хронолошки складни. Владислав Ходасевич ја наркол книгата „автобиографија на нашминкан лик“.
„Секој има мисли дека " Животот на Арсенев" е извештај за мојот сопствен живот. Тоа не е така. Реалноста е нешто, што јас сум потполно неспособен да го напишам директно. Дури и хероината овде е измислена. Но, толку бев потопен во нејзиното битие, што верував во неа, како да е вистинска личност и толку силно беше тоа верување што јас не можев да не плачам Пишував за неа. Ме посети дури и во соништа “, напишал Бунин во 1933 година[2].
Содржина
уредиПриказната е раскажана од Алексеј Арсениев, кој се присетува на неговото детство и младост. Роден е на имотот на неговиот татко на фармата Каменка, сместена во централна Русија; најраните животни впечатоци на момчето се поврзани со бесконечни снежни полиња во зима и мирис на трева во лето. Алексеј има постари браќа кои веќе го напуштиле домот на од родителите и две сестри - Надја и Олја; дадилкта која живее во куќата; и од време на време семејството оди да ја посети својата баба во имотот Батурино.
Момчето расте, а учителот по име Баскаков се појавува на имотот. Тој треба да го подготви Алексеј за прием во гимназијата, но учителот не покажува многу ревност: откако го научи детето да чита и пишува, Баскаков смета дека неговата мисија е завршена. Наместо подготвителна програма, тој му раскажува на Алексеј приказни од неговиот живот, чита на глас книги за Робинсон и Дон Кихот.
Алексеј лесно се запишува во гимназијата; но напуштањето на имотот и преселбата в град и живеењето во туѓо семејство тешко ги поднесува. Момчето лута по улиците со часови, ги поминува вечерите со книги, почнува да пишува поезија. Вистински шок за него е веста за апсењето на неговиот брат кој се приклучи на Народната волја. Брат му е депортиран во тригодишен затвор во Батурино, каде до тоа време се пресели целото семејство Арсениеви; наскоро, напуштајќи ја гимназијата, таму пристигнува и Алексеј.
Младиот човек наполни петнаесет години кога неговите песни почнуваат да се печатат; реакцијата на првото објавување во густото списание во Петербург е слична на удар на гром. Потоа започнува тој сегмент од животот, кој Алексиј си го дефинира како години на лутање и бездомништво. Тој ги напушта своите родни места и оди да талка: живее во Харков, ја поминува ноќта во поштата на Крим, ги посетува Киев и Курск. Во Орел, младиот човек заглавува долго време: влегол во редакцијата на локалниот весник Голос, тој не само што добива понуда за соработка, заедно со авансно плаќање, туку ја среќава и Лика.
Лика е љубител на театар, танцот,у музиката; нејзиниот татко го предупредува Арсениев дека расположението на нејзината ќерка често се менува. Како и да е, нивната прва зима Орел поминува спокојно. Потоа се разделуваат, тоа Алексеј го доживува исклучително тешко. Патува и скита повторно: Смоленск, Витебск, Петербург. На железничката станица, Арсениев испраќа телеграма до Лика и ја известува за неговото враќање; го пречекува на платформата.
Наскоро љубовниците заминуваат заедно во малото руско гратче. Алексеј добива работа, често оди на службени патувања, запознава интересни луѓе. Му недостига љубовта на Лика, но во исто време се стреми да остане на слобода. Еден ден, девојчето, чувствувајќи дека Арсениев неизбежно се оддалечува, исчезнува. Во првите ноќи по нејзиното заминување, Алексеј е на работ на самоубиство. Обидите да ја најде Лика се неуспешни; нејзиниот татко известува дека нејзината ќерка му забранила да кажува некому за тоа каде се наоѓа.
Не можејќи повеќе да издржи , младиот човек се враќа во Батурино. Цела зима чека вести од Лика, а на пролет дознава дека таа се вратила дома со пневмонија и починала една недела подоцна. Пред да замине, таа побара Арсениев да не биде известен за нејзината смрт што е можно подолго[3].
Вредности и паралели
уредиДелото на Бунин не е вклучено само во голем број уметнички автобиографии за животот на руското благородништво - тој, според Олег Михаилов, го „затвора“ циклусот започнат од Сергеј Аксаков („Семејна хроника“ и „Детството на Багров Внук “) и Лав Толстој („ Детство “...„Младост“). Во исто време, според биографот на Бунин, Александар Бабореко, „Животот на Арсенев“ се разликува од горенаведените дела по форма, начин и авторски ракопис .
Филологот Алексеј Варламов е убеден дека може да се најде многу повеќе уметничка близина помеѓу „Животот на Арсенев“ и романот на Михаил Пришвин, „Канчеев синџир“ Во детството, Пришвин и Бунин оделе во иста гимназија (едниот бил во четврто одделение, а другиот влегол во прво). Дали сонародниците некогаш се сретнале во животот не е познато; како и да е, во дваесеттите години од дваесеттиот век, двајца автори, „одделени не само со далечина, туку со границата на два света и литературни статуси“, истовремено ги осмислија идеите за дела слични по темата. Хероите на обете дела - Арсениев и Алпатов - надминуваат многу младински искушенија во потрага по себе; и едниот и другио не успеваат во љубовта; секој спасот го бара во креативноста. Во 1943 година, Пришвин во својот дневник напишал: „Го прочитав Бунин и одеднаш го разбрав како најблизок до мене од сите руски писатели“. Во секој случај, овој роман без оглед на сите претенциозни тенденции, жанровски да се класифицира, претставува едно од бројните ремек дела на руската литература, кое уште со самото негово појавување добило светска слава и лирска впечатливост, која била инспирација и влијание за чистата, искрена и длабока литература[4].
Наводи
уредиЛитература
уреди. ISBN 5-235-02662-4. Занемарен непознатиот параметар |место=
(help); Занемарен непознатиот параметар |страниц=
(help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие=
(help); Занемарен непознатиот параметар |издательство=
(help); Занемарен непознатиот параметар |серия=
(help); Занемарен непознатиот параметар |год=
(help); Занемарен непознатиот параметар |автор=
(help); Отсутно или празно |title=
(help)
Надворешни врски
уреди- online bei Lib.ru (russisch)
- online Архивирано на 5 мај 2017 г. bei bunin.niv.ru (russisch)
- Eintrag im Labor der Fantastik (russisch)
- Einträge im WorldCat
. ISBN 978-5-903081-12-7. Занемарен непознатиот параметар |место=
(help); Занемарен непознатиот параметар |ответственный=
(help); Занемарен непознатиот параметар |страниц=
(help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие=
(help); Занемарен непознатиот параметар |издательство=
(help); Занемарен непознатиот параметар |год=
(help); Отсутно или празно |title=
(help)