Животопогоден појас

(Пренасочено од Животопогодна зона)

Животопогоден појас — појас или подрачје во вселената каде условите се погодни за живот онакви како што се на Земјата. Постојат две зони кои треба да бидат погодни, едната во рамките на планетарниот систем и другата во рамките на галаксијата. Планетите и месечините во овој реон се кандидати за постоење на живот, па според тоа способни да создадат вонземски живот сличен на нашиот.

Дијаграм што ги покажува границите на населената зона околу sвездите и како одредени видови sвезди влијаат на тие граници. Овој простор вклучува планети на Сончевиот Систем (Венера, Земја и Марс), како и особено важни вонсончеви планети како Трапист-1д, Кеплер-186ф и нашиот најблизок сосед Проксима Кентаури б

Во нашиот Сончев Систем меѓуѕвездениот животопогоден појас се протега на растојание од 0,95 до 1,37 астрономски единици.

Глизе 581 d, последната од четирите планети на ѕвездата црвено џуџе Глизе 581 (околу 20 светлосни години од Земјата), е најдобар пример на пронајдена далечна вонсончева планета која орбитира во животопогодниот појас во вселената.[1]

Наводи

уреди
  1. Mayor; и др. (2009). „The HARPS search for southern extra-solar planets,XVIII. An Earth-mass planet in the GJ 581 planetary system“ (PDF). Astronomy and Astrophysics. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-05-21. Посетено на 2009-06-07.

Надворешни врски

уреди