Живоин Рафаиловиќ

Живоин Рафаиловиќ (срп. Живојин Рафаиловић) бил српски офицер и еден од основачите на Српскиот комитет на четничката акција [1].

Живоин Рафаиловиќ
Податотека:Zivoin Rafailovic.jpg
Роден 1871
Мионица, Србија
Починал 1953
Белград, Југославија

Животопис

уреди

Бил роден во Мионица. Станал офицер при српската војска и го добил чинот капетан. Заедно со Милорад Гоќевац, Јован Атанацковиќ и Лука Ќеловиќ учествувал во основањето на Српскиот комитет на четничката акција кој се зафатил со препраќање на српски чети во Косово и Македонија.

Тој станал прв претседател на Извршниот комитет на СКЧА. Поради својот ангажман во четничкото движење зел неограничено отсуство од српската војска.

По уништувањето на првата препратена српска чета и сослушувањето од страна на Министерството за надворешни работи на Србија, по негово лично брање бил демобилизиран од војската, по што се посветил на комитетските работи.

Подоцна станал народен пратеник.

Извори

уреди
  1. Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000