Жената на ајдукот Вукосав
Жената на ајдукот Вукосав (српски: Љуба хајдук-Вукосава) - српска епска (ајдучка) песна.
Содржина
уредиАлил Боичиќ од Удбина заминал на лов, каде три дена немал никаква среќа во ловот, но потоа го заробил и го затворил ајдукот Вукосав. Откако поминал три години во затворот, ајдукот побарал хартија за да им напише писмо на мајка си и на сопругата. Откако го прочитала писмото, сопругата отишла кај берберот Михат, кој ѝ ја избричил главата, оставајќи ѝ само перчин. Потоа, таа се облекла во машка облека и отишла кај Алил Боичиќ, претставувајќи се како пратеник на царот. Исплашениот Алил ја нагостил сопругата на Вукосав, која утредента го зела со себе Вукосав, божем да го носи кај царот при што го удрила неколкупати со боздоганот. Исплашениот Алил ѝ платил 500 дукати за да не го носи кај царот, а потоа таа побегнала во планината каде му ја кажала вистината по што двајцата заминале во Приморјето.[1] [2]
Осврт кон песната
уредиАјдукот Вукосав не е познат во историјата, додека Алил Боичиќ е вистински лик - тој бил познат турски јунак, опеан во повеќе народни песни, кој загинал во 1663 година, како заповедник на тврдината Задварје.[3] Инаку, мотивот во песната има паралела во руските песни за Ставро Годинович.[4] Во песната, сопругата на ајдукот Вукосав е претставена како ведра, надмоќна и со умот и со срцето. Таа не тагува, туку се бори и победува, како жив пример на женското јунаштво.[5]
Наводи
уреди- ↑ Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 75-81.
- ↑ Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 404-408.
- ↑ Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 150.
- ↑ В.Ђ., „Поговор - О интернационалним мотивима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 487.
- ↑ Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 18.