Железничка станица Баку

Железничка станица Баку (азерски: Bakı Dəmir Yolu Vağzalı) — железничка станица која се наоѓа во Баку, Азербејџан. Таа служи за железничко поврзување на градот со други дестинации во Азербејџан, како и со Грузија и Русија.

Железничка станица Баку
Bakı Dəmir Yolu Vağzalı
Железничка станица
Железничка станица Баку, февруари 2017 година
Општи информации
МестоБаку,  Азербејџан
Координати40°22′59″N 49°51′12″E / 40.38306° СГШ; 49.85333° ИГД / 40.38306; 49.85333
СопственикАзербејџански железници
СтопанисувачАзербејџански железници
Перони5
Колосеци8
Поврзана соБакуско метро (Метро станица 28 Мај)[1]
Објект
Вид градбаНаземна
ПаркингДа
Други информации
Код на станицата547112[2]
Историја
Отворена1880
Повторно изградена1926, 1977 и 2017
ЕлектрифициранаДа
Услуги
Азербејџан, Грузија и Русија

Историја

уреди

Првата станица била изградена во 1880 година, за време на отворањето на железницата Баку-Тбилиси, во мавритански стил.[3] Првата станица беше урната бидејќи не можеше да се справи со зголемениот сообраќај. Втората и сегашна станица била изградена во 1926 година, исто така во мавритански стил.[4]

Во 1967 година, железничката станица била поврзана со метро станицата 28 Мај со пешачки тунел.[5]

Во 1977 година, станицата била темелно реконструирана, при што била изградена нова станица до соседната стара станица.[4]

Во 2017 година, Азербејџанските железници повторно го изградиле комплексот на станицата. За време на реновирањето, тие ја вратиле внатрешноста на станицата, воведувајќи LCD-екрани со информации за распоредот на возовите за патниците. Покрај тоа, поради значителното зголемување на патничкиот сообраќај, како и потребата да се обезбеди удобна околина при купување на билети, било одлучено да се подели просторот за меѓуградски и меѓународни возови. Дизајнот на просториите не го нарушил целокупниот архитектонски стил. Декорацијата била направена од природни и вештачки материјали идентични на оригиналот. Во зградата на станицата има хотел со соби за сместување.[6]

Линии

уреди
Воз бр. Насока Воз бр. Насока
37 БакуТбилиси 38 ТбилисиБаку
55 БакуМосква 56 МоскваБаку
95 БакуМосква 96 МоскваБаку
369 БакуХарков 370 ХарковБаку
373 БакуТјумењ 374 ТјумењБаку
391 БакуРостов на Дон 392 Ростов на ДонБаку

Слики

уреди

Наводи

уреди
  1. UrbanRail, уред. (2022). „Baku Metro“ (англиски). Посетено на 2022-12-23.
  2. „Баку-Пассажирская“ (руски). Архивирано од изворникот 2019-09-05. Посетено на 2019-09-06.
  3. „Бакинский железнодорожный вокзал - Тифлисский вокзал (Баку)“ (руски). Ourbaku.com. 2016. Посетено на 2021-10-17.
  4. 4,0 4,1 „The Baku Railway Station is commissioned into operation after major reconstruction“ (англиски). Mehriban-Aliyeva.az. 2017-02-10. Посетено на 2021-10-17.
  5. „History“ (англиски). Metro.gov.az. 2015. Посетено на 2021-10-17.
  6. „Ilham Aliyev, his spouse attend opening of newly renovated Baku Railway Station (PHOTO)“ (англиски). Trend.az. 2017-02-10. Посетено на 2021-10-17.

Надворешни врски

уреди