Железно време

(Пренасочено од Железна епоха)
Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Како хронолошка одредница за почетокот на железното време се земаат последните векови од вториот милениум пне., те. околу 1200 г. пне. Оваа дата е во врска со значајните претумбации, кои во тој период го потресле поголемиот дел од средоземниот простор, т.н. егејски преселби. Поместувањето трае отприлика сè до VIII век п.н.е., кога настанува определено стабилизирање на племињата во географски аспект.

Воинот од Хиршланден (германски: Krieger von Hirschlanden), најстарата позната антропоморфна статуа во природна големина од железното време, северно од Алпите

Хронологија

уреди
Бронзено времеКамено време

Македонија во железното доба

уреди

Железното време во Република Македонија според М. Гарашанин е поделено на: рано железно време I и II кое го покрива периодот до VI век пне. и железно време III кое го опфаќа крајот на VI век пне. кога најголемиот дел од Македонија пред сè го губи праисторискиот карактер во материјалната култура. Територијата на Република Македонија наоѓајќи се во централно-Балканскиот регион не претставувала географска, културна, етничка средина која била затворена и изолирана. Истата трпела влијание од другите културни групи од соседните простори. Долините на Вардар и другите реки претставувале особена комуникација меѓу север и југ те. помеѓу средна Европа и Егеј.

Со рекогносцирање евидентирани се железнодобски населби сместени на високи и потешко пристапни места. За разлика од населбите, некрополите се систематски истражувани и истите ги има во неколку типови: гробови под тумули, рамни некрополи и крајпатни гробови.

Во Висои е истражен тумул со 44 гробни конструкции, а во Пелагонискиот Регион исто така се евидентирани тумули кај селата Мојно, Орле и Чанчиште.

Други наоѓалишта од железното време се: Орлова Чука, Кунова Чука и Текешински лозја во источна Македонија. Во Охридската област познати се требенишките кнежевски гробови од VI век пне., потоа наоѓалиштата кај селата Радолишта и Речица.

Надворешни врски

уреди