Железниот Човек 2

филм со суперхерои од 2010 г., произведен од Марвел-комикс
(Пренасочено од Железен човек 2)

Железниот Човек 2 (англиски: Iron Man 2) — американски филм од 2010 година, во режија на Џон Фавро. Главните улоги ги играат: Роберт Дауни Помладиот, Дон Чидл, Гвинет Палтроу, Скарлет Јохансон, Мики Рурк, Семјуел Л. Џексон и Сем Роквел. Филмот претставува второ продолжение на серијалот за суперхеројот „Железниот Човек (Iron Man)“.

„Железниот Човек 2“
РежисерЏон Фавро
ПродуцентКевин Фејц
Главни улогиРоберт Дауни Помладиот
Гвинет Палтроу
Дон Чидл
Скарлет Јохансон
Сем Роквел
Мики Рурк
Семјуел Л. Џексон
МузикаЏон Дебни
КинематографијаМатеј Либатику
МонтажаДан Лебентал
Ричард Пирсон
СтудиоMarvel Studios
Fairview Entertainment
ДистрибутерParamount Pictures
Премиерааприл 26 2010 (2010-04-26) (Ел Капитан театар)
мај 7 2010 (2010-05-07) (САД)
Времетраење125 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$200 милиони
Бруто заработка$623.9 милиони

Содржина

уреди

Во овој дел, светот станува свесен дека пронаоѓачот милијардер Тони Старк (го игра Дауни Помладиот) е всушност Железниот Човек. Владата, медиумите и јавноста го притискаат да ја сподели својата технологија со армијата, но Тони не сака да ги открие тајните на околопот на Железниот Човек, бидејќи стравува дека информацијата може да стаса во погрешни раце. Во меѓувреме, Иван Ванко, чијшто татко Антон Ванко штотуку починал, се спрема да му се одмазди на Тони Старк. Оклопот што го држи Тони полека го труе него, безгрижен и безнадежен за престојната смрт. Тој одлучува да не му каже на никој за своето здравје и ја назначува Пепер Потс за директор на неговата компанија Старк Индустрис, и ја вработува Натали Рашмен за да ја замени како свој личен асистент. Тони одлучува да се трка во монашкото историско гренд прих, каде што е нападнат од Иван Ванко, но успева да го порази. Иван е уапсен, но соперникот на Старк, Џастин Хемар, го извадува од затвор и го вработува за да го надмине Старк. Тони сè уште верува дека ќе умре и држи последна роденденска забава, каде тој се опијанува и се однесува безгрижно. На неговиот пријател, американскиот полковник на воздухопловните сили, Џејмс Роудс, не му де допаѓа неговото однесување и се обидува да ја заврши роденденската работа. Тој е принуден да му го украде оклопот на Тони, Марк II, и се бори против Тони. По борбата, Роудс си заминува со оклопот и го однесува кај американската армија. Во меѓувреме, Натали Рашмен го открива својот вистински идентитет како Наташа Романоф и открива дека работи за Ник Фјури, директорот на S.H.I.E.L.D. Ник Фјури му открива на Тони дека неговиот татко, Ховард Старк, бил основачот на S.H.I.E.L.D и му ја открива причината поради која Иван Ванко сака да му се одмазди на него. Тони наоѓа начин да не биде зависен од својот оклоп и со тоа го прекинува своето труење. Хемар ги прикажува оклопите на Ванко кај експото, каде доаѓа и Старк со својот оклоп, и се случува пресврт кога Ванко ја презема контролата на неговите оклопи и го напаѓа Железниот Човек. Ванко и самиот влегува во еден оклоп и се бори против Старк и Роудс. Тие успеваат да го поразаат Ванко, подпомогнати од Наташа и Пепер. Тони потоа оди да разговара со Ник Фјури, кој претходно му понудил позиција во S.H.I.E.L.D, сега одлучува да го користи Тони само како консултант. Филмот завршува кога Старк и Роудс добиваат медали за нивниот хероизам.[1]

Улоги

уреди

Наводи

уреди
  1. „Нова авантура на шармантниот суперхерој“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 3.