Кејт Мара
американска глумица
Кејт Руни Мара (родена на 27 февруари 1983 г.)[1] — американска глумица.
Кејт Мара | |
---|---|
Мара во 2015 година | |
Роден(а) | Кејт Руни Мара 27 февруари 1983 Бедфорд, Њујорк, САД |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1997–сè уште |
Мара глумела во политичката серија Куќа од карти како Зои Барнс и во серијата 24 како компјутерскиот аналитичар Шари Ротенберг. Својата прва филмска улога таа ја добила во романтичната драма Случајна авантура (1999). Таа глумела во филмовите Кршенгрб планина (2005), Ние сме Маршал (2006), На нишан (2007), Транссибирска пруга на смртта (2008), Отворен пат (2009), Виртуелна свест (2014), Фантастичната четворка (2015) и во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Таа исто така глумела во минисеријата Американска хорор-приказна: Куќа на убиства во 2011 година како Хајден Меклејн.
Наводи
уреди- ↑ „Kate Mara“. TV Guide. Посетено на September 1, 2014.
Надворешни врски
уреди- Кејт Мара на Семрежната филмска база на податоци (англиски)