Отправник на возови

Отправник на возови (сообраќајно-превозен техничар, СПТ) — одговорен службеник од секторот за железнички превоз, кој единствено го управува движењето на возовите во својата област (отправнички круг) и носи целосна одговорност за тоа. Неговите наредби во врска со движењето на возовите подлежат на несомненото извршување од работниците поврзани со движењето на возовите: дежурни на постојки, машиновозачи, главни спроводници на монтажни возови итн. Никој друг освен отправникот на возови нема право да дава оперативни наредби во врска со движењето на возовите.[1]

Отправник на возови на работно место

Цел на работата

уреди

Отправникот на возови е непосреден учесник во железничкиот сообраќај, претставува клучен фактор за негово регулирање, извршува работи и работни задачи од сообраќајната, техничката и трговската област. Отправникот на возови врши работни дејности поврзани со: планирање и организација на извршување на сообраќајот во една или повеќе постојки, регулирање на сообраќајот во едно или повеќе меѓустанични растојанија како и на маневарската работа во постојка или во меѓустанично растојание, организација на маневарска работа до и во индустриски колосеци. Организација и планирање на поставување на вагони за натовар и истовар. Водење на патничка благајна за издавање на билети во постојки каде нема патнички благајник. Припрема и состав на воз и маневарски состав, изработка и контрола на документи за воз и маневарски состав. Контрола на работењето на кадарот сигнално сигурносните и телекомуникациските уреди при извршување на сообраќајот.

Поради многу сложената должност, работата на отправникот на возови е исклучително одговорна, и покрај стручното знаење бара и изразени вештини на општење, снаодливост и способност на забележување и решавање на проблемите. Тој го уредува сообраќајот на возовите помеѓу службените места според сообраќајно-техничките прописи во врска со безбедноста, уредноста, економичноста и деловноста на превозот на железница.[2]

Наводи

уреди
  1. „Career Choices - Rail Traffic Controller“. irtcanada.net. Архивирано од изворникот на 17 January 2011. Посетено на 18 February 2010.
  2. Отправник на возови

Надворешни врски

уреди