ЖС „Кадина Река“

(Пренасочено од ЖС „Крива Река“)

Железничката станица „Кадина Река“железничка станица во Република Македонија која се наоѓа на пругата Скопје - Велес, односно на меѓународниот железнички коридор 10 на линијата Скопје - Гевгелија - Солун. Таа е 5. станица и 8. постојка на овие пруги. Железничката станица Кадина Река е сместена непосредно на десниот брег на реката Вардар во Таорската Клисура, веднаш по утоката на Кадина Река во Вардар. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 30,2 километри[1]. Станицата Кадина Река има функција на железничка раскрсница (разминувачница) и на неа се наоѓаат три електрифицирани колосеци. Во минатото сè до отворањето на стојалиштето Смесница во јуни 2010 година, Кадина Река како железничка станица била користена најповеќе од жителите на Смесница и околните блиски села во долното течение по долината на Кадина Река, а денес главни патници кои патуваат до оваа станица се рибари кои ловат риба во Вардар или планинари кои се искачуваат на планината Голешница, како и капачи кои одат на капење и излети на Кадина Река во летниот период. На железничката станица Кадина Река, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.

ЖС „Кадина Река“
Железничката станица „Кадина Река“
Општи информации
Координати41°49′55.20″N 21°38′23.40″E / 41.8320000° СГШ; 21.6398333° ИГД / 41.8320000; 21.6398333
ЛинииСкопје - Велес; Скопје - Гевгелија - Солун (Коридор 10); Скопје - Битола; Скопје - Кочани
Растојание30,2 км (од Скопје)
Перони1
Колосеци3

Возен ред

уреди


Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „МЖ Инфраструктура - Објава на мрежи“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-27. Посетено на 2011-10-15.
  2. Возен ред: 2011-2012. МЖ Транспорт АД Скопје
  3. Возен ред: 2011-2012. МЖ Транспорт АД Скопје
  4. Возен ред: 2011-2012. МЖ Транспорт АД Скопје