Попадика
Попадика, еѓупка или легла (латински: Vimba melanops) – вид речна риба[1]
Попадика | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Vimba |
Вид: | Попадика |
Научен назив | |
Vimba melanops (Хекел, 1837) | |
Синоними | |
Abramis melanops Heckel, 1837 |
Опис и распространетост
уредиПопадиката која се сретнува во средниот и долниот дел на реката Вардар има вретенесто, издолжено и странично сплескано тело. Бојата на телото ѝ е сивкаво сребреста, до зеленикава на грбниот дел, додека на страните и на стомачниот дел е светлосивкава до сребрена. Перките се со благо портокалова нијанса, а често може да се сивкави до белузлави. Има релативно мала глава и изразена долна уста.
Основни биолошки одлики
уредиПопадиката живее главно во деловите од реката со послабо струење на водата. Достигнува должина до 50 cm и маса од 3 kg, иако такви примероци се ретки. Во водите во Република Македонија воопшто не се среќаваат покрупни примероци на попадики од 800 g. За време на мрест по телото се појавуваат брадавичести израстоци, а машките единки потемнуваат. Се мрести во периодот мај до јули во плитка вода на каменито и чакалесто дно каде водената струја е посилна. Женските единки полагаат над 100.000 зрна икри чија инкубација трае три до десет дена, зависно од температурата на водата. Најчесто се храни со фауната на дното (црви, мекотели, ларви на инсекти и др.).
Значење
уредиПопадиката има значење од аспект на рекреативен риболов. Претставува вид на риба, привлечна за рекреативен риболов. Месото е вкусно, иако има многу ситни коски.
Забранет риболов
уредиВо Македонија риболовот на попадиката е забранет од 5 мај до 5 јуни.
Наводи
уреди- Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2006). "Vimba melanops" — FishBase. април 2006 г.
- Crivelli, A.J. 2005. Vimba melanops Архивирано на 30 септември 2007 г.. 2006 IUCN Red List of Threatened Species.
- Службен весник на РМ, бр. 6 од 18.1.2017 година РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА РИБОЛОВНА ВОДА „СЛИВ НА ЦРНА РЕКА” ЗА ПЕРИОД 2017 – 2022 ГОДИНА