@
@ („мајмунче“) — типографски знак. Се наоѓа во основните знаци на АСКИ кодот. Неговиот број е 64 во децималниот систем, односно 40 во хексадецималниот. Неговата употреба се поврзува пред сè со користењето во адресите на електронската пошта за одвојување на корисничкото име и доменот.
Име на знакот во македонскиот јазик
уредиОвој знак во македонскиот јазик се чита на, често се користи и англицизмот ет (спрема англиското at), а најчесто се нарекува мајмунче.
Користење пред и вон сметачкиот свет
уредиОваа ознака долго била користена во шпанскиот и португалскиот јазик како скратеница од името ароба – единица за тежина еквивалентна на 25 килограми. Името потекнува од изговорот на зборот „четвртина“ на арапски јазик. Првиот историски документ кој го содржи знакот @ е шпански регистар на пратки пченица од Кастиља во Арагон од 1448 година.
Комерцијалната употреба на симболот @ била со значење „секоја по“, односно „по стапка од“ во означување на цените. На пример, трошоците „12 јаболка @ 2 долари“ ќе бидат 24 долари.
Современа употреба
уредиЕ-пошта
уредиВо адресата на електронската пошта (која се пренесува преку SMTP), знакот @ се вметнува меѓу корисничкото име и доменот, како на пример:
sorabotnik@mk.wikipedia.org
корисничкото име е „sorabotnik“ и се наоѓа на доменот „mk.wikipedia.org“.
Сè уште не е можно да се користи електронска пошта со кирилски знаци. Често симболот @ се заменува со слика или со зборот НА во е-поштенските адреси, за да се избегне несакана пошта, како на пример на контактните страници на Википедија.
Разговори и форуми
уредиСимболот @ на форумите често се користи како ознака на обраќање кон одредена личност. На пример, ако во дискусијата учествуваат повеќе личности и напишеме @Филип, пораката која следи му е наменета на корисникот Филип:
Фросина: Добар ден!
Филип: Немаме статија за знакот @
Благоја: Здраво Фросина, ти ја пратив сликата на е-пошта.
Фросина: Ја примив твојата е-пошта. @Филип: немаш скоро погледано, еден соработник само што напиша статија за знакот @
Програмирање
уредиСимболот @ се користи во многу програмски јазици, но неговата употреба не е стандардизирана и има различно значење кај различни јазици.
- C# - овозможува клучните зборови да се користат како идентификатори и за обележување на посебни видови стрингови
- Java - од верзијата 5.0 се користи за означување на видот на метаподатоци
- Pascal - @ е оператор кој значи „адреса на променливата“, т.е. говори за мемориската локација на која е сместена променливата
- Perl - @ им претходи на променливите кои содржат низи
- PHP - се користи пред изрази за да се потисни евентуална грешка која би се генерирала со тој израз
- FoxPro - се користи да означи експлицитно проследување на променливи при повикување на процедура или функција (но тоа не е оператор на адресата).
- Windows PowerShell - @ се користи како оператор за низи податоци.
Тастатура
уредиНа тастатура со стандарден англиски (американски) распоред на знаците, @ се наоѓа над цифрата 2, и се добива со притискање на копчето SHIFT и цифрата 2. На тастатурата со македонски распоред знакот @ се добива со притисок на десното ALT копче и копчето V.
Имиња на знакот на други јазици
уредиСимболот @ на разни јазици има различни вообичаени називи. Доста јазици го имаат прифатено англискиот изговор, а останатите имиња главно се варијанти на буквата А или имиња на животни (мајмун, слон,...).
- баскиски - замотан
- белоруски - спирала, полжав
- бугарски - мајмун, уво
- чешки и словачки - се нарекува по името на јадењето од свиени харинги (завинач)
- дански - сурла
- холандски - мала мајмунска опашка
- германски – пајак-мајмун
- грчки - пајче
- унгарски - црв
- италијански - полжав
- казашки – месечинско уво
- норвешки – кадрава алфа
- руски - пес
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„@“ на Ризницата ? |
- "The Accidental History of the @ Symbol ", Smithsonian magazine, September 2012, Retrieved June 2013.
- The @-symbol, part 1, intermission, part 2, addenda, Shady Characters ⌂ The secret life of punctuation August 2011, Retrieved June 2013.
- "Daniel Soar on @", London Review of Books, Vol. 31 No. 10, 28 May 2009, Retrieved June 2013.
- ascii64 – the @ book – free download (creative commons) – by patrik sneyd – foreword by luigi colani) Архивирано на 20 јануари 2007 г. November 2006, Retrieved June 2013.
- A Natural History of the @ Sign The many names of the at sign in various languages, 1997, Retrieved June 2013.
- Sum: the @ Symbol, LINGUIST List 7.968 July 1996, Retrieved June 2013.
- Where it's At: names for a common symbol World Wide Words August 1996, Retrieved June 2013.
- UK Telegraph Article: Chinese parents choose to name their baby "@" August 2007, Retrieved June 2013.
- Tom Chatfield tells the story of the @ sign on Medium