Еринии
Еринии (грчки: Ἐρῑνύες[ῠ]), Фурии (во римската митологија) или Евмениди, биле жители на Адот, како и Хеката. Хесиод пее за тоа како Ериниите биле родени од крвта која паднала на земјата по кастрацијата на Уран, а според други извори, тие се потомци на Ахеронт и на Ноќта. Ериниите биле три сестри: Тизифона, Мегера и Алекто. Тие биле одредени да ѝ служат на кралицата на вечниот пекол, Прозерпина.[1] Во римската митологија, тие биле наречени Фурии и биле божици на одмаздата. Нивниот опис се среќава во „Енеидата“ на Вергилиј: на главата, наместо коса, имаат змии, како симбол на лошата совест која го прогонува злосторникот. Слично на тоа, и во драмата „Евмениди“ на Есхил, овие божици го прогонуваат Орест поради убиството на татко му.[2]
Обично во книжевноста, тие се опишани како ужасни жени кои носат змии во своите раце или коса и носат факли и стапови, безмилосни и одмазднички на злостор, особено убиство или пролевање на роднинска крв и тие можат бесконечно да гонат некој кој пролеал родителска крв. Ериниите веројатно се претставнички на стариот морален ред на правдата во рамките примитивното општество, каде кодот „око за око – заб за заб“ се спроведува од лична крвна освета од фамилијата или кланот. Ова се согледува во Есхиловата трилогија „Орестија“, каде Ериниите го прогонуваат Орест по убиството на сопствената мајка, но нивната улога е заменета со новиот ред на правдата: Ареопагот, судот во Атина.
За да ја придобијат нивната милост, Старите Грци ги нарекувале Ериниите и Евмениди - „љубезни, благонаклонети“ (Εὐμενίδες), а со ова име биле почитувани во Атина.
Наводи
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |