Ерик Карлфелт
Ерик Аксел Карлфелт (шведски: Erik Axel Karlfeldt; 20 јули 1864 - 8 април 1931) — шведски поет.[1] Неговата симболистичка поезија била замаскирана како регионализам и била мошне популарна. Карлфелт ја добил Нобеловата награда за литература во 1931 година. Претходно, во 1919, ја одбил Нобеловата награда.
Ерик Аксел Карлфелт | |
---|---|
Изворно име | Erik Axel Karlfeldt |
Роден/а | 20 јули 1864 Карлбу, Даларна, Шведска |
Починат/а | 8 април 1931 Стокхолм, Шведска | (возр. 66)
Занимање | поет |
Националност | Швеѓанец |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1931 |
Животопис
уредиРоден е во земјоделско семејство во Карлбо, во провинцијата Даларна, како Карл Аксел Ериксен, а името го сменил во 1899 година, во желба да се оддалечи од татка си, кој бил осрамотен со кривична пресуда. Студирал на универзитетот во Упсала. За да може да ги финансира студирњето предавал на неколку училишта. По завршувањето на студиите, пет години бил вработен во Кралската библотека во Стокхолм.
Достигнувања
уредиКарлфелт во 1904 година бил избран за член на Шведската академија на место број 11. Во 1905 бил избран за член на Нобеловиот институт при Академијата, а во 1907 година е назначен за член на Нобеловиот комитет. За постојан секретар на Академијата е избран во 1912 година и на таа функција останал до смртта. Универзитетот во Упсала му доделил почесен докторат во 1917 година.
Творештво и дела
уредиПоезијата на Карлфелт изобилува со судир на спротивности. Во неговиот опус има најсуптилни љубовни песни, но и стихови за големите животни прашања и дилеми. Тој е поет на младоста, но минувањето на годините ги посматра низ перспектива на човек во повозрасно животно доба. Карлфелт е поет на копнежот, без оглед дали станува збор за љубовта или, пак, пее за минатото неговиот роден крај Даларана. Ги објавил книгите поезија:"Песна за дивината и љубовта" (1895), "Песна за Фридолини и други песни" (1898), "Рајската градина на Фридолин"(1901), "Флора и Пимона" (1906), "Флора и Белона" (1918), "Есенски рог"(1927).
Наводи
уреди- ↑ Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009
Оваа биографска статија за личност од Шведска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |