Еремија I Цариградски
Еремија I (грчки: Ιερεμίας Α΄, починал во 1546 г.) двапати бил Вселенски патријарх, од 1522 до 1524 и од 1525 до 1546 година.[1]
Еремија I | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
На служба | 31 декември 1522 - април/мај 1524 24 септември 1525 - 13 јануари 1546 |
Претходник | Теолепт I Јоаникиј I |
Наследник | Јоаникиј I Дионисиј II |
Лични податоци | |
Починал | 13 јануари 1546 Враца |
Претх. служба | Архиепископ на Софија |
Живот
уредиЕремија се родил во Зица во Епир[2] и израснал без настава.[3] Тој станал архиепископ на Софија во или пред 1513 година.[4] На 31 декември 1522 тој станал цариградски патријарх.[5]
Набрзо по неговото избирање, тој патувал во Кипар, Египет, Синај и Палестина. За времепрестојот во Ерусалим, свештенството и првенците на Цариград го депозиционирале во април или мај 1524 и на негово место го избрале митрополитот на Созопол, патријархот Јоаникиј I. Еремија реагирал и заедно со патријасите на Александрија и Антиохија кои ги повикал во Ерусалим, го изопштил Јоаникиј.[6] Тој бил вратен во Цариград на 24 септември 1525 година.[1]
Во 1537 Еремија постигнал, кај султанот Сулејман Величествениот, да се запре претворањето на црквите во џамии во Цариград, но оваа одлука не била прифатена од Сулејмановите престолонаследници.[7] Еремија починал на 13 јануари 1546 во градот Враца, додека патувал кон Влашка.
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ „Jeremias I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2019-11-04. Посетено на 30 May 2011.
- ↑ R. Janin (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 13. Paris: Letouzey et Ané. 677.
- ↑ Тютюнджиев, Ив., Мутафова, Кр. История на българския народ през XV-XVII в. в таблици, схеми, карти, и тестове. Велико Търново, 1994, 38.
- ↑ „Jérémie I“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 28. Paris: Letouzey et Ané. 2003. 995. ISBN 2-7063-0210-0.
- ↑ R. Aubert (2000). „Joannikios I“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 27. Paris: Letouzey et Ané. 1378-9. ISBN 2-7063-0210-0.
- ↑ Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity : a study of the Patriarchate of Constantinople from the eve of the Turkish conquest to the Greek War of Independence. Cambridge University Press. стр. 190. ISBN 978-0-521-31310-0.
Надворешни врски
уреди- Στρουμπάκης, Μιχαήλ (2005). Jeremias I - Patriarch of Constantinople (1522-1546) The Life and Work. Athens: Phanárion. ISBN 960-8116-08-2. (грчки)