Јоаникиј I Цариградски
Јоаникиј I (грчки: Ἰωαννίκιος Α΄, починал околу 1526 г.) накратко бил Вселенски патријарх во 1524–1525 година.[1] Понекогаш тој се смета за натрапник.
Јоаникиј I | |
---|---|
Цариградски патријарх | |
Црква | Цариградска патријаршија |
Назначен | април/мај 1524 |
Службата завршила | 24 септември 1525 |
Претходник | Еремија I |
Наследник | Еремија I |
Лични податоци | |
Претх. служба | Епископ на Созопол |
Живот
уредиПатријархот Еремија I, набрзо по неговото избирање, патувал во Кипар, Египет, Синај и Палестина. За времепрестојот во Ерусалим, свештенството и првенците на Цариград, здодеани од неговото долго отсуство,[2] го депозиционирале во април или мај 1524 и на негово место го избрале митрополитот на Созопол во Тракија, Јоаникиј I.
Еремија реагирал и заедно со патријасите на Александрија и Антиохија кои ги повикал во Ерусалим, го изопштил Јоаникиј.[2] И покрај тоа што поголемиот дел од Светиот синод бил на страната на Јоаникиј, султанот Сулејман Величествениот наредил Еремија да биде вратен на престолот, настан кој се одржал во Цариград на 24 септември 1525. Јоаникиј се вратил во Тракија, каде починал во манастирот „Свети Јован Крстител“,[3] во близина на Созопол окулу 1526 година.[1]
Белешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6.
- ↑ 2,0 2,1 R. Aubert (2000). „Joannikios I“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques. 27. Paris: Letouzey et Ané. 1378-9. ISBN 2-7063-0210-0.
- ↑ „Joannicios I“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 30 May 2011.