Емпириско истражување

Емпириското истражување е истражување со користење на емпириски докази. Истовремено тоа е и начин на стекнување на знаење преку директно и индиректно набљудување или искуство. Емпиризмот ги вреднува некои истражувања повеќе од останатите. Емпириските докази (записот на нечии директни набљудувања или искуства) може да се анализираат квантитативно или квалитативно. Квантификувајќи ги доказите или разбирајќи ги во квалитативна форма, истражувачот може да одговори на емпириски прашања, кои треба да бидат јасно дефинирани и да соодветствуваат со собраните докази (обично наречени податоци). Дизајнот на истражувањето се разликува од областа и од прашањето што се истражува. Многу истражувачи комбинираат квалитативни и квантитативни форми на анализа за подобро да одговорат на прашања кои не можат да се изучуваат во лабораториски услови, особено во општествените науки и во образованието.

Научник собира податоци за своето истражување

Во некои области, квантитативното истражување може да започне со истражувачко прашање (на пример, „Дали слушањето вокална музика за време на учењето (фонд на зборови) има ефект врз подоцнежната меморија за овие зборови“) при што истото се тестира преку експериментирање. Обично, истражувачот има одредена теорија во однос на темата што се истражува. Врз основа на оваа теорија, ќе се предложат изјави или хипотези (на пр. „Слушањето вокална музика има негативен ефект врз учењето на фонд на зборови“). Од овие хипотези, произлегуваат предвидувањата за конкретни настани (на пр. „Луѓето кои изучуваат фонд на зборови додека слушаат вокална музика ќе запомнат помалку зборови на подоцнежниот тест за меморија отколку луѓето кои во тишина го прават истото“). Овие предвидувања потоа може да се тестираат со соодветен експеримент. Во зависност од резултатите од експериментот, теоријата на која се засновале хипотезите и предвидувањата ќе биде поддржана или не,[1] или можеби ќе треба да се измени и потоа да биде подложена на дополнително тестирање.

Терминологија

уреди

Терминот емпириски првично се користел од страна на антички грчки практичари на медицината кои ги отфрлиле догматските доктрини од тоа време и наместо нив започнале да се потпираат на феномените кои се перципираат во искуството.

Подоцнежниот емпиризам се однесува на теоријата на знаење во филозофијата која се придржува до принципот дека знаењето произлегува од искуството и доказите кои се собрани со помош на сетилата. Во научна употреба, терминот емпириски се однесува на собирање податоци користејќи докази што се набљудуваат со сетилата или во некои случаи со помош на калибрирани научни инструменти.

Она што е заедничко за првите филозофи кои го опишуваат емпиристичкото и емпириското истражување е нивното настојување преку набљудување на податоците да се формулираат и тестираат теории и да се дојде до одредени заклучоци.

Употреба

уреди

Истражувачот се обидува точно да ја опише интеракцијата помеѓу инструментот (или човечките сетила ) и ентитетот што се набљудува. Доколку се користат мерни инструменти, од истражувачот се очекува да го калибрира својот инструмент така што ќе го примени на познати стандардни објекти и ќе ги документира резултатите пред да го примени на непознати објекти. Со други зборови, го опишува истражувањето кое досега не се случило и добиените резултати.

Во пракса, собирањето на докази за или против било која конкретна теорија вклучува планирани истражувачки дизајни за собирање емпириски податоци, а академската улога игра голем дел во оценувањето на основаноста на дизајнот на истражувањето. Предложени се неколку типологии за вакви дизајни, од кои една од најпопуларните доаѓа од Кембел и Стенли.[2] Тие се одговорни за популаризирање на широко цитираната разлика меѓу предексперименталните, експерименталните и квазиексперименталните дизајни и се цврсти застапници на централната улога на рандомизираните експерименти во образовните истражувања .

Научно истражување

уреди

Точната анализа на податоците користејќи стандардизирани статистички методи во научните студии е од клучно значење за одредување на валидноста на емпириското истражување. Статистичките формули како што се регресија, коефициент на несигурност, t-тест, хи квадратна проверка и различни типови на ANOVA (анализи на варијанса) се основни за формирање на логични, валидни заклучоци. Доколку емпириските податоци достигнат значајност според соодветната статистичка формула, хипотезата за истражување е поддржана. Ако не, нултата хипотеза е поддржана (или, поточно, не се отфрла), што значи дека не е забележан ефект на независната променлива/и врз зависната променлива/и.

Исходот од емпириското истражување со користење на тестирање на статистички хипотези никогаш не е доказ. Може само да поддржи хипотеза, да ја отфрли или да не направи ниту едно. Овие методи даваат само веројатности. Меѓу научните истражувачи, емпирискиот доказ (за разлика од емпириското истражување) се однесува на објективни докази што се појавуваат исти без оглед на набљудувачот. На пример, термометарот нема да прикажува различни температури за секој поединец што го набљудува. Температурата, измерена со точен, добро калибриран термометар, е емпириски доказ. Спротивно на тоа, неемпириските докази се субјективни, во зависност од набљудувачот. Следејќи го претходниот пример, набљудувачот А може да изјави дека просторијата е топла, додека набљудувачот Б може да изјави дека истата просторија е ладна, иако и двајцата го набљудуваат истото отчитување на термометарот. Употребата на емпириски докази го негира овој ефект на личното (т.е. субјективно) искуство или време.

Различната перцепција на емпиризмот и рационализмот ја доведува до прашање границата до која зависноста од човековите сетила ќе биде основата за стекнување на научни сознанија.

Според рационализмот, постојат голем број на различни начини на кои сетилно искуство се стекнува независно за знаењето и концептите. Според емпиризмот, сетилно искуство се смета за главен извор на секое знаење. Општо земено, рационалистите се познати по развојот на сопствените ставови по два различни начини. Прво, може да се постави клучниот аргумент дека има случаи во кои содржината на знаењето или концептите на крајот ја надминуваат информацијата. Оваа надмината информација е обезбедена од сетилно искуство (Hjørland, 2010, 2).

Второ, постојат конструирани начини на функционирање за тоа како расудувањето помага во обезбедувањето на дополнително знаење за специфичен или поширок опсег. Познато е дека емпиристите прикажуваат комплементарни сетила поврзани со мислата.

За да се следи рационализмот, мора да има усвојување на едно од трите тврдења поврзани со теоријата кои се дедукција или интуиција, вродено знаење и вроден концепт. Емпиризмот во контекст со одредена тема обезбедува отфрлање на соодветната верзија поврзана со вроденото знаење и дедукција или интуиција (Weiskopf, 2008, 16). Колку што има признавање на концептите и знаењата во областа на предметот, знаењето има голема зависност од искуството преку човечките сетила.

Емпириски циклус

уреди
 
Емпириски циклус според АД де Грот

Емпирискиот циклус на АД де Грот:[3]

  1. Набљудување: Набљудување на феномен и истражување во врска со неговитете причини.
  2. Индукција: Формулирање на хипотези - генерализирани објаснувања за феноменот.
  3. Дедукција: Формулација на експерименти кои ќе ги тестираат хипотезите (т.е. ги потврдуваат дали се вистинити, ги побиваат ако се неточни).
  4. Тестирање: Постапки со кои се тестираат хипотезите и се собираат податоци.
  5. Евалуација: Интерпретацијата на податоците и формулирањето на теоријата - абдуктивен аргумент кој ги прикажува резултатите од експериментот како најразумно објаснување за феноменот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Goodwin, C. J. (2005). Research in Psychology: Methods and Design. USA: John Wiley & Sons, Inc.
  2. Campbell, D. & Stanley, J. (1963). Experimental and quasi-experimental designs for research. Boston: Houghton Mifflin Company.
  3. Heitink, G. (1999). Practical Theology: History, Theory, Action Domains: Manual for Practical Theology. Grand Rapids, MI: Wm. B. Eerdmans Publishing, p. 233. ISBN 9780802842947

Надворешни врски

уреди