Мухамед ел-Идриси

(Пренасочено од Ел-Идриси)

Абу Абдалах Мухамед ел-Идриси ел-Куртуби ел-Хасани ел-Сабти, или накратко ел-Идриси на арпски أبو عبد الله محمد الإدريسي القرطبي الحسني السبت, арапски картограф, географ и патник кој живеел во Сицилија во дворот на кралот Роџер II Сицилијански.

Карта на светот на Ел Идриси
Статуа на Мухамед ел Идрис

Патувал по Јужна Европа, Северна Африка и Мала Азија. Во период од 11251154 пишува дело кое дотогаш било познато во светот под насловот Nuzhat al-Mushataq fi ikhtiraq al-afaq или Забава за оние кои сакаат да го посетат светот. Делото содржело голема свртеност кон југ, на латински тоа било напишано како mappa mundi, која била врежана на сребрена плоча и позната како Tabula Rogeriana[1] и друга книга насловена Географија. Неговото дело е познато меѓу Арапите под насловот Руџерова книга додека неговата карта е најдобра картографска карта на Арапаите.

Ел-Идриси 1161 извршил уште две уредување на својата работа под необичен наслов Градините на човештвото и забавата за душата , меѓутоа сите преписи на делата се изгубени. Скратена верзија на тоа издание се викаГрадините со среќа (вообичаено се викало Мали Идриси) објавена во 1192 година.

Книгата не е совршен историски извор затоа што ел-Идриси (како што тоа тогаш било вообичаено) се потпирал на други извори за својата работа. На пример, кога пишувал за Полска се изедначил со земја која денес е Чешка, затоа што пишувал за „земји кој се опкружени со планини“.

Идриси за градот Бар, Црна Гора, во 1154 година напишал: Населението е словенско... Ова е голем град, кој се смета меѓу најславните.

Наводи

уреди
  1. Dunn, 2009, p. 452.