Елисеј (хебрејски: אֱלִישָׁע, современ хебрејски: Elīša, тибериски: Ĕlīšā, „Мојот Бог е спас“ или „Бог е мој спас“ʼ; грчки: Ἐλισαιέ, латински: Eliseus) ― старозаветен пророк и чудотворец. Се споменува и во Новиот завет[1] и Куранот. Елисеј се обожува како пророк во јудаизмот, христијанството и исламот, а неговото име се споменува и во списите на верата на бахаи.[2]

Елисеј
Пророк
Руска икона од Елисеј
Роден(а)о. 910 г.п.н.е
Починал(а)о. 800 г.п.н.е
Самарија

Пред да се пресели во Самарија, Елисеј извесно време поминал на планината Кармел.[3] Од 892 до 832 г. п.н.е. бил советник на јудејските кралеви, и ја имал титулата „Пророк во Израел“. Наречен е патриот затоа што им помагал на војниците и кралевите.[4]

Според Библијата, тој бил ученик и штитеник на Илија, а откако Илија во виор заминал на небото, Елисеј добил двојно од неговата моќ и бил прифатен како водач на синовите на пророците. Елисеј потоа направил двојно повеќе чуда од Илија.

Библиски приказни

уреди

Помазание

уреди
 
Руска икона на Елисеј (18 век, манастир на Кижи, Русија)

Приказната на Елисеј се наоѓа во Книгите на царевите (Втор свиток, поглавја 2-14) во Стариот завет (делот од Невиим). Според оваа приказна, тој бил пророк и чудотворец од Кралството Израел кој бил активен за време на владеењето на Јорам, Јуј, Јоахаз и Јоас (Јоаш).[4] Елисеј бил син на Сафат, богат земјопоседник од Авел-Мехола; станал придружник и ученик на Илија.[5]

Неговото име првпат се споменува во 19-то поглавје од Книгите на кралевите, кога на Илија му било заповедано да го помаза за негов наследник.[6] Откако во пештерата на планината Хорив дознал дека Божја волја е Елисеј, синот на Сафат, да стане негов наследник во пророкувањето, Илија тргнал да го најде. На пат кон Дамаск, Илија го нашол Елисеј.[7] Илија отишол кај него, ја фрлил својата наметка преку рамената на Елисеј, со што го вовел во пророчката служба.[5] По прошталната вечера со својот татко, мајка и пријателите, новоизбраниот пророк „тргнал по Илија и му служел“. [8] Елисеј бил близок приврзаник на Илија сè додека Бог со огнени кочии не го зел Илија на небото.

Илија е однесен со огнена кочија

уреди

Илија и Елисеј отишле до реката Јордан. Илија ја поткренал својата мантија и удил по водата,[9] и таа се разделила така што двајцата можеле ненаводенети да ја поминат. Елисеј побарал да „наследи двоен дел“ од духот на Илија. Одеднаш се појавила огнена кочија и огнени коњи, кои во виор го однеле Илија. Додека Илија бил креван кон небото, паднала неговата мантија и Елисеј ја зел.

Чуда

уреди
 
Мечките ги дивеат младите по заповед на Елисеј, додека Илија се носи во летечката кочија (француски ракопис од 1453 година)
 
Елисеј ги одбива даровите од Неаман, слика од Питер де Гребер 1630
 
Глад во Самарија (илустрација од Гистав Доре од Светата Библијата)

Со помош на наметката која му паднала на Илија, Елисеј на чудесен начин повторно го поминал Јордан, и Елисеј се вратил во Ерихон, каде што луѓето му станале благодарни затоа што ги прочистил нездравите води од изворот од кој што потоа течела пивка вода.[10]

Кога војските од Јуда, Израел и Едом се здружиле против Меша, моавскиот цар, во Едомската пустина биле измачувани од суша, Елисеј се согласил да помогне. Неговото двојно пророштво дека ќе ја снема сушата и победата над Моавците се исполниле следното утро.[5] Кога група момчиња од Бетел го исмевале пророкот поради неговата ќелавост, Елисеј ги проколнал во името на Бога и две женски мечки излегле од шумата и изеле четириесет и две момчиња. [3]

За да ѝ помогне на една многу задолжена вдовица, Елисеј од малку масло за јадење направил толку многу масло што ѝ овозможило на вдовицата, не само да го плати долгот, туку и да го прехрани своето семејство.[11]

Според првата Книга за царевите, Илија во градот Сарептавоскреснал момче од Феникија.[12] Во втората Книга за царевите, Елисеј измолил од Бога една богата дама од Сунем да роди син. Кога неколку години подоцна детето умрело, Елисеј го воскреснал детето преку реанимација од уста на уста.[13]

За да ги нахрани синовите на пророците кои гладувале, Елисеј ручекот направен од отровни тиквички на чудотворен начин го сменил во храна.[10] Нахранил сто луѓе со дваесет јачменови леба,[14] во приказна слична на онаа за чудата на Исус во Новиот завет.[15]

Елисеј го излекувал сирискиот воен командант Нееман од лепра, но го казнил својот слуга Гезеиј, кој зел пари од Нееман.[16] Нееман прво неволно го послушал Елисеј и седум пати се измил во реката Јордан. Откако видел дека неговото тело е „возобновено како месо од мало дете“, генералот бил толку импресиониран од овој доказ за Божјата моќ. [17] Според Евангелието по Лука, Исус се осврнал на исцелувањето на Нееман кога рекол: „И во времето на пророкот Елисеј имаше многу лепрозни во Израел, и никој од нив не беше исчистен освен Нееман Сириецот“. [18]

Елисеј неколку пати го спасил на израелскиот крал Јорам од заседите што ги планирал Бенхадад; [3] со тоа што на старешините им наредил да ја затворат вратата пред гласникот на неблагодарниот израелски крал;[19] со тоа што на чуден начин ги ослепил војниците на сирискиот цар;[20] направил железо да плови по вода за да не биде посрамотен еден пророчки син;[21] [10] и самоувереното предвидување дека при опсадата на Самарија непријателот ненадејно ќе побегне по што во градот ќе престане гладот.[22]

Потоа, Елисеј се упатил во Дамаск и пророкувал дека Хазаил ќе стане цар на Сирија, но истовремено и ќе плаче поради злото што ќе го направи.[23] Елисеј му наложил на еден од пророчките синови за цар на Израел да го помаза Јуј и му наложил да ја прекине династијата на Ахав.[24] Смртта на Јорам, кој бил прободен од стрела истрелана од лакот на Јуј, смртта на Езавела и колењето на седумдесетте синови на Ахав, се доказ на кој начин тој го исполнил барањето.[25]

Последните денови на Елисеј

уреди
 
Чудото на гробот на Елисеј. ( Јан Нагел, 1596)

Кога Елисеј во својата куќа легнал на смртна постела, [26] Јоас од Израел, внук на Јуј, дошол да тагува поради што се приближува неговото заминување на Небото и ги изговорил истите зборови кои ги кажал Елисеј кога Илија бил одведен, со што ја покажал вредноста кон него: „Татко мој, татко мој! кочијата на Израел и нејзините коњи“. [27] Јоас му помогнал на Елисеј од прозорецот на неговата соба да истрела стрела кон исток, и претскажал додека се слетувала:

Стрела на Господовото избавување и стрела на избавување од Сирија; зашто треба да ги удриш Сиријците во Афек додека не ги уништиш[28]


Елисеј ги предвидел трите успешни битки против Арамејците, но и дека нема да значат конечна победа.[29] Во Царевите се запишани три победи на Јоас со кои биле вратени градовите изгубени од Арамејците, веројатно на западниот брег од Јордан.[30]

Според Книгите на царевите, година по смртта на Елисеј (или следната пролет) во неговиот гроб било ставено тело. Штом телото ги допрело посмртните останки на Елисеј, човекот „оживеал и станал на нозе“.[31]

Обожување

уреди
 
Елисеј го воскреснува синот на жената од Сунамит, дрворез од Јулиус фон Каролсфелд (1794–1872)

Елисеј е обожуван како светец во многу христијански цркви. Во православните цркви се празнува на 14 јуни според православниот календар (односно црквите кои го користат традиционалниот јулијански календар, 14 јуни се паѓа на 27 јуни според грегоријанскиот календар). Ерменската апостолска црква го празнува во четвртокот по петтата недела по Педесетница. [32] Јован Дамаскин во чест на Елисеј составил канон, а во негова чест е изградена и црква во Константинопол.

Во западното христијанство се слави на 14 јуни. Православните верници и римокатолиците веруваат дека бил неженет и целибат.[33]

Јулијан Отпадникот (361–363) дал наредба да се запалат моштите на пророците Елисеј, Авдија и Јован Крстител, кои еден до друг биле погребани во Севастија,[34] но биле спасени од христијаните, а дел од нив биле префрлени во Александрија. [16] Денес, моштите на Елисеј се тврди дека се наоѓаат во коптскиот православен манастир Свети Макариј Велики во Скетс, Египет.[35]

Во исламот

уреди

Елисеј (арап. اليسع, ал-јаса) се почитува како пророк во целиот ислам и како пророк е наследник на Илија (арапски: Ilyās). Елисеј во Куранот двапати се споменува како пророк, [36] заедно со другите пророци. [37] Според Куранот, Елисеј е возвишен „над световите (или на нивниот народ)“ (арап. فَضَّلْنَا عَلَى ٱلْعَالَمِين) [38] и е „меѓу одличните“ (арап. مِنَ ٱلْأَخْيَار). [39] Исламските извори кои го идентификуваат Елисеј со Кидр ја наведуваат силната врска помеѓу Ал-Хидр и Илија во исламската традиција.[40]

Некои муслимани веруваат дека гробот на Елисеј се наоѓа во Ал-Авџам во Саудиска Арабија. Гробот бил отстранет од владата на Саудиска Арабија бидејќи таквото почитување не било во согласност со вахабистичкото или салафистичкото реформско движење доминантно во Саудиска Арабија.[41] [42] Друго место за кое се тврди дека е гробница на Елисеј е во областа Егил во покраината Дијарбекир, Турција.[43] Прво гробот бил во близина на речно корито што требало да биде поплавено во 1994 година. Пред да биде поплавено, гробот бил ископан ноќе, а зачуваното тело на пророкот, на кое сведочеле девет научници и официјални работници, било ексхумирано за да биде погребано на рид со поглед кон поплавената рамнина. Истата вечер им се појавил на сон на многу граѓани и кои пред изгрејсонце излегле да го набљудуваат неговото повторно погребување на новото место. [44] [45]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Luke 4:27 "And there were many lepers in Israel in the time of Elisha the prophet. Yet not one of them was cleansed--only Naaman the Syrian."
  2. Revisioning the Sacred: New Perspectives on a Bahái̓́ Theology, Volume 8. p. 32. Jack McLean. 1997.
  3. 3,0 3,1 3,2 . New York. Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  4. 4,0 4,1 Achtemeijer, Paul L. ed., and Dennis R. Bratcher, Ph.D. "Elisha." HarperCollins Bible Dictionary. New York, New York: HarperCollins Publishers, 1996.
  5. 5,0 5,1 5,2 "Elisha", Jewish Encyclopedia.
  6. Kings%2019:15-16&verse=HE&src=! 1 Kings 19:15-16 HE
  7. Kings%2019:19&verse=HE&src=! 1 Kings 19:19 HE
  8. Dothie, William Plaskett (1872). Dothie, William Plaskett. The history of the prophet Elisha.
  9. 2 Kings 2:8
  10. 10,0 10,1 10,2 "Eliseus", the Order of Carmelites“. Архивирано од изворникот на 2020-05-26. Посетено на 2023-02-07.
  11. Zucker, David J., "Elijah and Elisha" Part II, Jewish Bible Quarterly, vol.41, no.1, 2013
  12. 1 Kings 17
  13. 2 Kings 4:32-35
  14. 2 Kings 4:42–44
  15. Matthew 14:15-21, Matthew 15:32–38, John 6:5–14
  16. 16,0 16,1 „Elisha“. Orthodox Church in America.
  17. 2 Kings 5:15
  18. Luke 4:27
  19. 2 Kings 6:25–32
  20. 2 Kings 6:13–23
  21. 2 Kings 6:1–7
  22. 2 Kings 7:1–20.
  23. 2 Kings 8:7–15
  24. 2 Kings 9:1–10
  25. 2 Kings 9:11–10:30
  26. 2 Kings 13:14
  27. 2 Kings 2:12, 2 Kings 13:14
  28. 2 Kings 13:17
  29. 2 Kings 13:18–19
  30. Pulpit Commentary on 2 Kings 13, accessed 9 January 2018
  31. 2 Kings 13:20–21
  32. Domar: the calendrical and liturgical cycle of the Armenian Apostolic Orthodox Church, Armenian Orthodox Theological Research Institute, 2003, p. 446.
  33. Paul L. Rothermel (2010-08-19). „Jesus was never married“. Answers In-Depth to Questions about Christianity. St. Ignatius reading. Архивирано од изворникот на 2011-07-28.
  34. Denys Pringle, The Churches of the Crusader Kingdom of Jerusalem: A Corpus. Vol. 2: LZ (excluding Tyre), p. 283.
  35. „The Monastery of St. Macarius the Great“. Архивирано од изворникот на 2011-07-09. Посетено на 2023-02-07.
  36. Tottoli, Roberto, “Elisha”, in: Encyclopaedia of the Qurʾān, General Editor: Jane Dammen McAuliffe, Georgetown University, Washington DC. Brill Online.
  37. Tottoli, Roberto, “Elisha”, in: Encyclopaedia of Islam, THREE, Edited by: Kate Fleet, Gudrun Krämer, Denis Matringe, John Nawas, Everett Rowson. Brill Online.
  38. Qur'an 6:86
  39. Qur'an 38:48
  40. al-Rabghūzī, Stories of the prophets, ed. Hendrik E. Boeschoten, M. Vandamme, and Semih Tezcan [Leiden 1995], 2:460
  41. „Religious curbs in Saudi Arabia – Report: JAFARIYA NEWS, December 12 News“. Архивирано од изворникот на 2012-05-06. Посетено на 2023-02-07.
  42. „Salafi Bidah in respecting the signs of Allah“.[мртва врска]
  43. „Diyarbakır - Eğil - Peygamberler Türbesi“. Архивирано од изворникот на 2016-02-15. Посетено на 2023-02-07.
  44. Baraj suyu çekilince peygamberlerin kabirleri gün yüzüne çıktı (Turkish)ilkha. Posted 19 December 2018.
  45. „Diyarbakirda 2 Peygamber Naaslarinin Naklinde Inanilmaz Olaylar Gerceklesti“. www.korkusuzmedya.com (турски). Посетено на 11 April 2020.

Надворешни врски

уреди