Елеонора Аквитанска
Елеонора Аквитанска (француски: Aliénor d'Aquitaine; 1122 — 1204) — сопруга на англискиот крал Хенри II и една од најмоќните средновековни жени.
Елеонора | |
---|---|
војвотка од Аквитанија, грофица на Поатје | |
На престол | 9 април 1137 – 1 април 1204 |
Претходник | Вилијам X |
Наследник | Јован |
Кралица на Франција | |
Време | 1 август 1137 – 21 март 1152 |
Крунисување | 25 декември 1137 |
Кралица на Англија | |
Време | 25 октомври 1154 – 6 јули 1189 |
Крунисување | 19 декември 1154 |
Сопружник | Луј VII 1137 - 1152 Хенри II 1152 - 1189 |
Деца Detail | Марија Алиса Блоа Вилијам Хенри Матилда Ричард Џефри Елеонора Јоана Јован |
Татко | Вилијам X |
Таа била кралица на Франција, а подоцна и на Англија.
Таа е родена во семејството на Гијом X како најголемо дете. Таа добила големо образование, проучувајќи го латинскиот јазик. По смртта на нејзиниот татко, таа на свои 15 години станала војвотка на Аквитанија. По ова, таа се оженила за францускиот крал Луј VII. По раѓањето на својата втора ќерка, таа се развела од францускиот крал во 1152 година. Како причина од страна на Луј било наведено неверството. Во текот на Втората крстоносна војна, таа го придружувала својот сопруг во патот кон Светите земји. Кога престигнале во Антиохија, таа станала гост на постојани банкети кои биле организирани од страна на кнезот Рејмон Поатје. По ова, тие станале љубовници.
По ова, таа испратила повик до грофот од Анжу да испрати понуда до англискиот крал Хенри за да се ожени со неа, Така, на 18 мај 1152 година таа стапила во брак со Хенри. Во следните години, таа го дарувала со пет сина и три ќерки: