Ела Пернел

британска глумица

Ела Самер Пернел (англ. Ella Summer Purnell; родена на 17 септември 1996) ― англиска глумица.

Ела Пернел
Ела Пернел во јуни 2017
Роден(а)17 септември 1996(1996-09-17)(28 г.)
Лондон, Англија
ЗанимањеГлумица
Активен период2009–денес

Живот и кариера

уреди

Ела Самер Пернел[1] е родена на 17 септември 1996 година во Лондон.[1] Таа земала часови по глума, пеење и танцување во театарската школа „Силвија Јанг“.

Првата сценска улога Пернел ја имала во 2008 година во мјузиклот Оливер! во лондонскиот кралски театар „Друри Лејн“.[2] Нејзината прва филмска улога била во филмот од од Марк Романек, „Не дозволувај ми да заминам“ (2010). Филмот бил заснован на истоимената книга од Казуо Ишигуро, а Пернел ја глумела улогата на младата Рут (возрасната Рут ја играла Кира Најтли).[3] Потоа глумела во: Eternal Life (2010), Intruders (2011), Kick-Ass 2 (2013) и Wildlike (2014).

Во 2014 година, Пернел станала позната кај пошироката публика преку нејзината улога на тинејџерката Малефисент во Дизниевиот филм Малефисент (возрасната Малефисент ја глумела Анџелина Џоли). Во 2016 година, Пернел глумела во филмот „Домот за чудни деца од госпоѓица Перегрин“ во режија од Тим Бартон и заснован на истоимениот роман од Ренсом Ригс.[4] Во 2017 година, глумела во Пристап до сите области[5] и во историскиот драма-филм Черчил, во кој ја глумела секретарката на Винстон Черчил, Хелен Гарет.[6]

Во 2018 година, Пернел ја глумела Хестер Аргајл во мини-серијата Искушение за невиноста“, заснована на истоимената книга од Агата Кристи.[7] Пернел имала главна улога во серијата Sweetbitter (2018), заснована на истоимениот роман од Стефани Данлер.[8] Пернел потоа глумела во: драмата Белгравија (2020)[9] и „Жолти јакни“ (2021).[10] Во 2021 година ѝ го позајмила гласот на Гвин во анимираната серија Star Trek: Prodigy и на Џинкс во анимираната серија на Нетфликс, Arcane. Во 2024 година, таа ја глумела Луси Меклин во драмската серија Fallout.[11]

Филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Ella Summer PURNELL“. Companies House service. Архивирано од изворникот на 11 July 2022. Посетено на 16 February 2021.
  2. „Ella Purnell | Screen“. Screendaily.com. 6 July 2010. Архивирано од изворникот на 3 October 2012. Посетено на 24 January 2011.
  3. „First trailer for 'Never Let Me Go' with Keira Knightley and Carey Mulligan“. Moviejungle.com. 16 June 2010. Архивирано од изворникот на 19 June 2010. Посетено на 24 January 2011.
  4. „Two teenage British stars are set to join Eva Green“. Архивирано од изворникот на 1 October 2015. Посетено на 1 October 2015.
  5. Clarke, Cath (19 October 2017). „Access All Areas review – Hollyoaks goes Bestival in a teen music festival caper“. The Guardian (англиски). Архивирано од изворникот на 17 September 2018. Посетено на 19 September 2018.
  6. 'Churchill' shoot begins; cast revealed“. Screen (англиски). Архивирано од изворникот на 20 September 2018. Посетено на 19 September 2018.
  7. Billen, Andrew (31 March 2018). „Ordeal by Innocence: the Christie Mystery that almost got away“. The Times (72497). Saturday Review. стр. 4–5. ISSN 0140-0460.
  8. Petski, Denise (6 October 2017). 'Sweetbitter': Ella Purnell To Star In Starz Drama Series Based On Book“. Deadline. Архивирано од изворникот на 7 October 2017. Посетено на 4 October 2017.
  9. Bahr, Robyn (10 April 2020). 'Belgravia': TV Review“. The Hollywood Reporter (англиски). Архивирано од изворникот на 27 March 2022. Посетено на 27 March 2022.
  10. Haylock, Zoe (17 January 2022). „Ella Purnell on Surviving Yellowjackets as 'Queen Bee' Jackie“. Vulture (англиски). Архивирано од изворникот на 17 January 2022. Посетено на 17 January 2022.
  11. Davis, Clayton (10 April 2024). 'Fallout' Sets Emmys Campaign: Walton Goggins and Ella Purnell Go for Lead Drama, Aaron Moten Submits for Supporting (Exclusive)“. Variety. Посетено на 14 April 2024.

Надворешни врски

уреди