Стадион Едукејшн Сити (арапски: إِسْتَاد المدينة التعليمية, транскрипција: Истад ал-Мадина ат-Талимија) — фудбалски стадион во Ал Рајан, Катар, наменет да се користи за натпревари на Светско првенство во фудбал на ФИФА 2022, кое започнало на 20 ноември 2022 година. Стадионот се наоѓа во близина на неколку универзитетски кампуси. По Светското првенство на ФИФА, стадионот ќе има 25.000 седишта, а ќе се употребува од универзитетските атлетски тимови. На 3 септември 2020 година, на стадионот се одиграл првиот официјален натпревар, натпревар од Катарското првенство.

Стадион Едукејшн Сити
Место Ал Рајан, Катар
Започнат 2016
Отворен 15 јуни 2020
Сопственик Катар
Подлога трева
Игра Фудбалска репрезентација на Катар
Гледачи 44.667

Стадионот се наоѓа на околу 7 километри северозападно од Доха.

Историја

уреди

Стадионот се наоѓа на периферијата на главниот град Доха и има капацитет од 40.000 седишта. Го добил прекарот „Дијамантот во пустината“.[1] Со 20 проценти од градежните материјали идентификувани како зелени, стадионот е меѓу еколошки најодржливите стадиони во светот.

На 30 септември 2019 година, ФИФА му го доделил финалето и натпреварот за трето место на Светското клупско првенство на Стадионот Едукејшн Сити во 2019 година, при што турнирот се одржувал во Катар.[2] Стадионот, исто така, би бил домаќин на првиот натпревар на Ливерпул во полуфиналето, но на 7 декември 2019 година, официјалното отворање на стадионот било одложено до почетокот на 2020 година.[3] Така, натпреварот на Ливерпул, финалето и натпреварот за третото место биле преместени на Меѓународниот стадион Калифа во Доха.[4]

Светското клупско првенство на ФИФА 2020 година повторно се одржало во Катар. Еден натпревар од второто коло, еден полуфинален натпревар, натпреварот за третото место и финалето помеѓу Баерн Минхен и Тигрес УАНЛ се одржале на стадионот.[5] Во 2020 година, стадионот бил домаќин на натпреварите од Источната и Западната зона од Лигата на шампионите на АФЦ во 2020 година.[6]

Стадионот бил домаќин на пет натпревари за време на Арапскиот куп 2021 на ФИФА.[7]

Како и другите стадиони изградени за Светскиот куп на ФИФА во 2022 година, Стадионот бил предмет на контроверзии поради третманот и статусот на работниците мигранти вработени на градилиштата.[8] Во извештајот, Амнести интернешенел го критикувале Катар за неуспехот да ја истражи, исправи и спречи смртта на работниците мигранти.[9]

Натпревари

уреди

ФИФА Арапски куп 2021

уреди
Датум Час Тим 1 Резултат Тим 2 Рунда Гледачи
1 декември 2021 22:00   Саудиска Арабија 0–1   Јордан Група Ц 4,777
3 декември 2021 16:00 Предлошка:Country data OMA 1–2   Катар Група А 23,254
4 декември 2021 22:00   Палестина 1–1   Саудиска Арабија Група Ц 3,075
7 декември 2021 22:00   Либан 1–0 Предлошка:Country data SDN Група Д 5,991
10 декември 2021 18:00   Тунис 2–1 Предлошка:Country data OMA Четвртфинале 21,329

ФИФА Светско првенство 2022

уреди
Датум Час Тим 1 Резултат Тим 2 Рунда Гледачи
22 ноември 2022 16:00   Данска 0–0   Тунис Група Д 42,925
24 ноември 2022 16:00   Уругвај 0–0   Јужна Кореја Група Х 41,663
26 ноември 2022 16:00   Полска 2–0   Саудиска Арабија Група Ц 44,259
28 ноември 2022 16:00   Јужна Кореја   Гана Група Х
30 ноември 2022 18:00   Тунис   Франција Група Д
2 декември 2022 18:00   Јужна Кореја   Португалија Група Х
6 декември 2022 18:00 Победник група Ф Второпласиран група Е Осминафинале
9 декември 2022 18:00 Победник Натпревар 53 Победник Натпревар 54 Четвртфинале

Наводи

уреди
  1. NewsEditor (2020-06-05). „Education City Stadium set for COVID-19-themed inauguration“. The Stadium Business (англиски). Посетено на 2022-11-27.
  2. „FIFA Club World Cup 2019 - News - Education City Stadium to host FIFA Club World Cup Qatar 2019™ final - FIFA.com“. web.archive.org. 2019-09-30. Архивирано од изворникот на 2019-09-30. Посетено на 2022-11-27.
  3. „2022 World Cup venue to host Liverpool“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2022-11-27.
  4. Reuters (2019-12-07). „Liverpool's Club World Cup semi-final in Qatar to be moved with venue not ready“. the Guardian (англиски). Посетено на 2022-11-27.
  5. „Education City and Ahmad Bin Ali stadiums to host FIFA Club World Cup 2020™“. www.fifa.com (англиски). Посетено на 2022-11-27.[мртва врска]
  6. Newspaper, The Peninsula (2021-03-31). „600 days to go: Qatar's FIFA World Cup stadiums are looking incredible“. thepeninsulaqatar.com (англиски). Посетено на 2022-11-27.
  7. „2021 FIFA Arab Cup: Participating teams, fixtures and all you need to know | Goal.com“. www.goal.com. Посетено на 2022-11-27.
  8. „Amnesty report: Qatar migrant workers trapped and exploited before World Cup“. the Guardian (англиски). 2021-11-16. Посетено на 2022-11-27.
  9. „Qatar: "In the prime of their lives": Qatar's failure to investigate, remedy and prevent migrant workers' deaths“. Amnesty International (англиски). Посетено на 2022-11-27.