Една недела (филм од 1920)
Една недела (англиски: One Week) - американски филм од 1920 година, во режија на Едвард Ф. Клајн и Бастер Китон кои се и автори на сценариото. Главните улоги ги граат: Бастер Китон и Сибил Сили.
Синопсис
уредиВеднаш по свадбата, младоженецот (го игра Китон) и невестата (ја игра Сили) заминуваат во својот дом. Всушност, тие пристигнуваат на парцелата на која треба самите да ја изградат својата монтажна куќа, следејќи го приложеното упатство. Меѓутоа, љубоморниот соперник на младоженецот им ги заменува броевите на кутиите со материјалите, така што тие ја монтираат куќата на погрешен начин. Кога градот го зафаќа невреме, куќата почнува да се врти како вртелешка. Кога најпосле се смирува бурата, доаѓа човек кој им соопштува дека куќаат е поставена на погрешна парцела. Младенците ја закачуваат куќата на автомобилот и почнуваат да ја влечат до новата парцела, но кога доаѓаат до железничката пруга, таа заглавува. Тогаш поминува воз кој ја уништува куќата.[1]